Новите Citroen Berlingo и Citroen C4 Cactus се финалисти за награда на Autobest 2019
Објавено на од во Автомобилизам

Жирито на европскиот AutoBest ги објави 6-те финалисти од повеќе од 20 кандидати. Во рамките на овој престижен натпревар Citroën во финалето учествува со 2 модели, новото Citroën Berlingo и новиот Citroën C4 Cactus.

 

2018-citroen-berlingo

Citroen Berlingo, модел 2018 година

 

 

 

 

 

 

 

 

Oткако постои оваа награда, веќе 18 години, за прв пат се случува еден производител да има 2 модели во финалето. Освојувачот на наградата “Best Buy Car of Europe” за 2019 година ќе биде објавен на 15-ти декември. Воедно, Линда Џексон, извршниот директор на Citroënдоби награда за најдобар врвен менаџер, прва жена во ManBest алејата на славните.

Citroën Berlingo, најпродаваниот модел на Citroën во речиси 17 земји во 2017 година, во моментов е  најпродаван модел на Citroën веднаш по C3. Во Европа тој е вториотнајпродаван модел на повеќенаменски возила и останува во топ три во својот сегмент. Oд лансирањето во 1996 година па сѐ до денес, произведени се повеќе од 3,3 милиони возила. Оваа нова генерација, инспирирана од очекувањата на клиентите, е совршена илустрација на новото мото “Inspired by You”. Новото Citroën Berlingo со својата просторност и функционалност како и иновативнапонуда во смисла на дизајн, прилагодливост и практичност, е идеален избор за луѓето со активен стил на живот.

Со својот уникатен карактер, новиот C4 Cactus е ултра комфорен компактен автомобил. Овој нов модел претставува надополнување на првичниот C4 Cactus, ставајќи го во нова димензија во однос на технологијата и опциите на моторот, додека продолжува да се издвојува преку својата единственост и удобност. Новиот C4 Cactus е дел од Citroën Advanced Comfort® програмата за сеопфатен пристап кон комфорот и нудибеспрекорнаудобност во возењетосоиновативната технологија за потпирање со Прогресивни хидраулични перничиња (Progressive Hydraulic Cushions™ – PHC), која ги филтрира нерамнините на патот така што имате чувство дека лебдите на летечки килим, а воедно е и првото возило во светот со седишта Advanced comfort.

citroen-c4-cactus-ext-34

Citroen C4 Cactus, модел 2018 година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Жирито составеноод 31 член од 31 европска земја, ќе ј адонесе својата финална одлука врз основа на 13 критериуми меѓу кои вредност за парите, дизајн, удобност и технологија, како и достапност на услугите за сервис и резервни делови во дистрибутивните мрежи. По групните тестови, кои ќе се одржат на 27 и 28 ноември, возилото кое ќе брои најмногу гласови ќе ја освои оваа престижна награда.

Победникот ќе биде официјално објавен на 15-ти декември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×