Ново одликување за главната обвинителка на романското „СЈО“, Лаура Ковеши
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Главниот обвинител на романското „СЈО“, односно Национална дирекција за борба против корупцијата, Лаура Кодруца Ковеши,  е наградена од кралот на Шведска со орден „Поларна ѕвезда“ од прв степен, пишува денеска романскиот весник „Евениментул зилеј“.

Одликувањето на Ковеши и е доделено поради „континуираната и храбра битка против корупцијата во Романија, што е важен чекор кон подобрувањето на транспарентноста и правната држава“.

Ковеши ореденот ќе го добие наскоро на официјална церемонија во Амбасадата на Шведска во присуство на голем број амбасадори од земјите-членки на ЕУ, на министерот за правда, претставници на Дирекцијата и други институции и невладини организации во Романија, кои се борат против корупцијата.

Ковеши е добитник на повеќе награди. На почетокот на годината таа беше прогласена на „Европеец на годината“ за 2016 од списанието „Ридерс дајџест“. Таа во април 2014 година од Амбасадата на САД во Букурешт ја доби наградата „Храбра жена на Романија“ за исклучителната борба против корупцијата. Франција во мај 2011 година ја прогласи за офицер на Националниот орден за заслуги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×