Новогодишната траса во Виена ќе ја обезбедуваат 1.500 полицајци
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ако сте одлучиле новогодишната ноќ да ја поминете во Виена, каде и покрај опасноста од терористички напади ќе се одржи традиционалната Новогодишна траса, најголемиот дочек под ведро небо, за вашата безбедност ќе се грижат дури 1.500 полицајци.

Сепак, властите на австриската престолнина оставаат можност и за одложување на настанот, а одлуката за тоа им е оставена на полицијата, на австриската железница и останатиот јавен превоз. Од 1.500 припадници на безбедносните сили, 250 ќе бидат донесени во Виена од другите покраини, а Новогодишната траса ќе се одвива и под будното око на специјалните единици Вега и Кобра, чии оперативци ќе патролираат со целосна опрема, односно и со автоматско оружје.

Ако Новогодишната траса не биде одложена, виенчаните и гостите ќе можат да уживаат во музиката на улиците на градот на вкупно 13 локации. Организаторите на полноќ, планираат 2015 година да ја испратат соборувајќи го рекордот во „дигитален огномет со мобилни телефони“, а за да се учествува во настанот, присутните ќе треба на своите телефони да ја инсталираат апликацијата Oroundo Vienna. Така, во новогодишната ноќ, на дисплеите на нивните мобилни телефони ќе се појави часовник што одбројува време до полноќ, кога ќе следи огнометот со звуци од валцер.  За да биде соборен светскиот рекорд потребно е учесниците на полноќ, на плоштадот пред градскиот совет, да ги подигнат своите телефони во воздух. Секако, на истото место ќе следи и вистински огномет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×