Нoвото CITROËN BERLINGO VAN ја освои наградата “INTERNATIONAL VAN OF THE YEAR 2019”
Објавено на од во lifestyle

На годинешното 67-мо издание на Саемот за комерцијални возила во Хановер, на новото Citroën Berlingo Van му беше врачена најпосакуваната титула во секторот на лесни комерцијални возила, наградата за “INTERNATIONAL VAN OF THE YEAR 2019”.Ова е веќе втор пат како Citroën Berlingo Van ја освојува оваа награда, првиот пат му беше доделена во 1997 година и оттогаш се продадени повеќе од 1,5 милиони возила.
Берлинго 1

Оваа трета генерација на Berlingo е наградена и поради неговите извонредни достигнувања во однос на удобноста и технологијата. Верен на слоганот на Citroën “Inspired by Pro” посветен на комерцијалните и товарни возила, новото Berlingo Van е идеален партнер за сите професионалци.

Berlingo Van ја продолжува долгата историја на Citroën во сегментот на фургони која вклучува легендарни возила како што се 2 CV Van, Acadiane и C15. Првата генерација наBerlingo се појавува во јули 1996 и целосно ги поместува границите за овој сегмент на возила во делот на карактеристиките и комфорот. Во текот на годините името Berlingo претставува синоним за репер во сегментот.

Новиот модел со афирмиран и модерен изглед се издвојува со својот уникатен изглед достапен во 2 големини (M и XL). Опремен со 20 системи за помош во возењето и 4 технологии за поврзување, новото Berlingo Van во ништо не може да им позавиди на патничките автомобили бидејќи нуди вистински комфор во возењето и оптимална сигурност.

Новото Citroën Berlingo Van кое е скроено за сите намени и претставува вистински генерациски отскок во смисла на стил, опременост и модуларност, ќе биде достапно на пазарот кон крајот од 2018 година.
Берлинго 2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×