Новото грандиозно седиште на Apple
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС

Apple-2 WEB glavnaФинишот на грандиозниот проект го одложува опседнатоста со деталите

Во меѓувреме излегоа и детали околу тоа како Стив Џобс пред неговата смрт во 2011 година се носел со проектот: средбите со лондонската архитектонска компанија, Foster and Partners, често траеле по пет–шест часа, заземајќи значително време од последните две години од животот на легендарниот шеф на Apple

 

Шест години откако легендарниот шеф на Apple, Стив Џобс (почина во 2011 година), го претстави дизајнот на објектот, и четири години по почетокот на изградбата, односно илјадници стаклени и соларни панели подоцна; фасцинантниот, футуристички и усогласен со природата кампус на Apple, наречен Аpple Park, се приближува до своето завршување.

Apple CEO Jobs sits by new Apple iPod Hi-Fi in Cupertino

Поранешниот директор на Apple, Стив Џобс новиот центар го спореди со вселенски брод, кога ја предложи неговата изградба во 2011 година. Неговиот интерес за дизјанот дефинитивно имал влијание на изгледот на зградата. Џобс почина во октомври 2011 година, а во негова чест е изграден аудиториум со 1.000 седишта, кој ќе биде наречен Steve Jobs Theater, а ќе биде сместен на врвот на бродот, односно на една од највисоките точки на кампусот.

Во меѓувреме излегоа и детали околу тоа како Џобс пред неговата смрт во 2011 година се носел со проектот. Според Стив Леви од Wired, средбите со лондонската архитектонска компанија, Foster and Partners,често траеле по пет–шест часа, заземајќи значително време од последните две години од животот на Џобс.

Новото седиште на компанијата што се наоѓа во Купертино, Калифорнија, е новото футуристичко работно место за 13.000 вработени, кое според проценките чини 5 милијарди долари.

Тоа го вклучува веќе иконскиот кружен кампус со над 260.000 квадратни метри работни површини, огромен отворен простор во централниот дел, 9.000 дрвја (што сѐ уште се засадуваат), како и сосем новиот центар за презентации, Apple Steve Jobs Theatre, со капацитет за 1.000 луѓе, што ќе биде местото каде ќе бидат претставувани повеќето нови производи со логото со „гризнато“ јаболко.

За новиот кампус се користени повеќе револуционерни материјали и дизајни од иднината. Доминираат огромните стаклени панели, а покривот на центарот за евенти е една од најголемите структури од јаглеродни влакна (carbon fibres) во светот. Соларниот кров од 17 мегавати ќе биде еден од најголемите на светот, а самата зграда ќе биде најголема градба во светот со природна вентилација.

Apple понесен од проектот е опседнат со деталите дотолку што проектира дури и нов вид кутија за пици, за да се сочува свежината на храната кога ќе се транспортира низ огромниот кампус.

Во однос на хармонизираноста со природата,односно еколошката димензија на објектот, покрај сончевите панели и сопствениот центар за генерирање електрична енергија, главната зграда во Apple Park се разладува преку систем за пропуштање на воздухот, понапреден/поефикасен од вообичаените клима уреди. Благодарение на нејзиниот дизајн нема да биде потребно ниту греење, ниту ладење во текот на девет месеци во годината.

Централата со форма на прстен, исто така, е поставена врз огромни амортизери, што треба да ја заштитат во случај на земјотрес.

Дизајнот на Apple Park е сосем различен од оној на старото седиште, што претставува група меѓусебно неповрзани згради со малку отворен зелен простор во средината.

Apple-2 WEB 01

Новиот кампус требаше своите врати да ги отвори во април, но покрај внимавањето на сите овие детали, засега не се знае која Apple ќе го отвори Apple Park и кога сите вработени ќе се префрлат таму.

Apple-2 WEB

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×