Новото издание на CodeFu ќе донесе адреналин во програмирањето
Објавено на од во hi-tech & business

„Реши го невозможното“ и годинава е носечкиот слоган под кој ќе се одржи култниот натпревар за решавање алгоритамски проблеми CodeFu што веќе 12 години го организира софтверската компанија Netcetera во Скопје. Студентите на додипломски и последипломски студии на државните и приватните факултети од земјава кои ќе учествуваат на натпреварот ќе си ги одмерат знаењата и вештините во оваа област. Според искуствата од претходните години, се очекува најбројни учесници да се студенти на ФИНКИ, како и на останатите сродни технички факултети.

За тие што веќе се запознаени со овој натпревар и го следат од почетокот во 2007 година, правилата се добро познати. За оние новите во светот на CodeFu, важно е да знаат оти од сите пријавени, преку принцип на елиминација во две рунди (првата е на 15 април, а втората на 6 мај 2018) ќе останат 32 финалисти. Тие ќе се натпреваруваат за главната награда – патување во Цирих, Швајцарија, на Интернационалната конференција за модерни уметности и софтвер Jazoon, со сите покриени трошоци, како и добропознатите CodeFu ранец и маичка.

Финалниот натпревар ќе се одржи на 3 јуни 2018, но со тоа не завршуваат активностите околу CodeFu. Во текот на целата година Netcetera организира и неколку сезонски и community натпревари од сличен карактер како CodeFu. На секој од овие натпревари, Netcetera ќе доделува телефони или таблети за победниците, но и за еден од натпреварувачите по случаен избор.

Правилата на учество и сите други информации во врска со натпреварот можете да ги најдете на интернет страницата на CodeFu.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×