Њујорчанка користела биткоини за перење пари за финансирање на „Исламска држава“
Објавено на од во hi-tech & business

Њујорчанка е обвинета дека користела биткоини и други криптовалути за перење пари наменети за помош на терористичката Исламска држава.

Обвинителството ја смета 27-годишната Зобија Шахназ, родена во Пакистан, за виновна за банкарска измама, учество во шема за перење пари, и за перење пари. Поранешната лаборантка дошла до 85.000 долари преку измама  со банкарски кредит и кредитни картички, за да купи онлајн биткоини и други дигитални криптовалути. Потоа префрлила над 150.000 долари на лица и фантомски компании во Пакистан, во Кина и во Турција.

Според обвинението, Шахназ повеќепати посетувала пропагандни сајтови на ИД. Била на распит на аеродромот Џон Ф. Кенеди во јули, кога се обидела да отпатува за Сирија со околу 9.500 долари – малку под лимитот од 10.000 долари, колку што човек може да изнесе од САД без да ги декларира. Нејзиниот адвокат тврди дека таа ги испраќала парите за помош на бегалци од Сирија.

Њујорчанка користела биткоини за перење пари за финансирање на Исламска држава

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×