Њујорк тајмс: Трамп од Коми барал лојалност, a тoј му понудил „само“ чесност
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планирал да го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми, без разлика на мислењето од Министерството за правда, што е во спротивност со претходните соопштенија од Белата куќа, и ја зголемува контроверзата околу оваа одлука.

Трамп вчеравечер во интервју за ЕнБиСи рече дека директно го прашал Коми дали е под истрага, и оти Коми „три пати“ му рекол дека не е.

Трамп притоа не покажа дека е загрижен оти ова прашање би можело да биде сметано како мешање во истрагата на ФБИ за можните врски на неговата предизборна кампања со Русија.

„Реков, ако е тоа можно, дали ќе ми кажеш дали сум под истрага? Тој рече, не си под истрага“, изјави Трамп на ЕнБиСи. Според Трамп, вакви разговори со Коми водел два пати телефонски, како и на вечера на која разрешениот директор на ФБИ дошол да бара да остане на функцијата.

Коми не ја потврдува верзијата на Трамп, а Њујорк тајмс доцна синоќа цитираше неименувани колеги на Коми, кои за споменатата вечера од јануари велат дека американскиот претседател барал од првиот човек на ФБИ лојалност. Коми, наводно, одбил, и на Трамп му понудил „чесност“.

Кога Трамп потоа го притиснал да му вети „чесна лојалност“, Коми рекол „ќе го добиете тоа“.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, ги негираше наводите на Њујорк тајмс и изјави дека претседателот „никогаш не би рекол некому дека очекува лична лојалност“.

Белата куќа првично образложувајќи ја одлуката на Трамп да го разреши Коми го цитираше меморандумот на Министерството за правда во кој се критикува водењето на минатогодишната истрага за скандалот врзан за и-мејловите на Хилари Клинтон.

Трамп синоќа призна дека и истрагата за наводното мешање на Русија, што ја отфрла како „измислена приказна“, исто така, имала влијание на отпуштањето на човекот кој со неа раководеше.

Различните верзии на причините за отпуштањето на Коми, кого Трамп го нарече „фалбаџија“ и „желен за внимание“, долеваат масло на огнот на неизвесноста и хаосот што владеат во Белата куќа, во која вработените се мачат да ги усогласат приказните и да го смират разбеснетиот претседател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×