О‘Конел: Имаме право да критикуваме, зашто неуспехот на Косово влијае и на Британија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Амбасадорот на Велика Британија во Косово Руаиру О‘Конел порача дека критиките што ги упатува на сметка на косовските лидери не се лично негови, туку се критики од британската Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
uk ambo kosovoО‘Конел во интервју за агенцијата КосоваПрес изјави дека критикувањето на властите во Приштина е негово легитимно право, затоа што, како што вели, евентуалниот неуспех на Косово влијае и на неговата земја.
„Како европска демократија, ние имаме право да ги критикуваме другите. Ние сме заинтересирани Косово да успее, но доколку Косово доживее неуспех тоа ќе влијае и на Британија“, изјави О‘Конел, нагласувајќи дека негова работа е да ги зачува и промовира интересите на земајта која ја претставува во Косово.
Односите меѓу двете земји биратанскиот дипломат ги оцени како „мошне посебни“, меѓу другото, поради историјата која ја делат.
„Односите меѓу Косово и Британија се мошне посебни. Ние се сакаме поради историјата. Моја работа е да ги зачувам и промовирам интересите на мојата земја“, изјави О‘Конел.
Дипломатскиот претставник на Обединетото Кралство, познат како пријател на Косово, но и по неговите остри ставовови за негативните појави во косовското општество, нагласи дека „критиките за корупција и непотизам и за другите негативни појави треба да се изнесуваат јавно“, затоа што, според него, „тоа е во интерес на општествата на двете земји“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×