Обама до Ципрас и Европа: Мерките за штедење сами по себе не носат просперитет
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, кој денеска е во посета на Атина, на почетокот на својата завршна европска турнеја, рече дека на своите европски сојузници и натаму ќе им порачува оти мерките за штедење не можат сами да донесат просперитет.

„Во порака до остатокот на Европа, ќе продолжам да го истакнувам нашиот став дека штедењето само по себе не може да донесе просперитет“, му рекол Обама на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Претходно, на средба со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, Обама рече дека силна, просперитетна и обединета Европа е добра не само за европскиот народ, туку и за целиот свет, па и за САД.

Во пригодата американскиот претседател истакнал дека НАТО е „апсолутно клучно“ за безбедноста и за просперитетот на САД, додавајќи дека трансатланските односи се „камен-темелник на заедничката безбедност и просперитет“.

Павлопулос одговорил дека е сигурен оти следниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе продолжи по истиот пат.

Утре, откако ќе го посети Партенон, Обама се очекува да говори за предизвиците на глобализацијата, што сигурно ќе има значаен одек со оглед на неодамнешните американски избори, наведува Агенцијата Франс Прес.

По посетата на Грција, Обама ќе отпатува во Германија, на средба со канцеларката Ангела Меркел, а таму ќе го чекаат и францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерите на Британија и на Италија, Тереза Меј и Матео Ренци.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×