Обама го укинува затворот Гвантанамо. ООН ја поздрави одлуката
Објавено на од во Политика

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не сака да го остави затворот Гвантанамо на својот наследник и повтори дека овој притворски центар ја поткопува националната безбедност на САД и дека треба да се затвори, јавија светските агенции.

Во обраќањето од Белата куќа, Обама рече дека затворот Гвантанамо бил контрапродуктивен во борбата против тероризмот, оти се користи како антиамериканска пропаганда за регрутирање терористи и троши воени ресурси.

Затворањето на Гвантанамо воедно е и „затворање на едно поглавнје од историјата на САД“ и е научена лекција од терористичките напади кои се случија на 11 септември 2011, истакна американскиот претседател.

Одлуката на Обама доби поддршка и од Обединети нации. Имено, високиот комесар на ООН, Заид Раад ал-Хусеин го поздрави планот на претседателот на САД, Барак Обама да го затвори овој воен затвор.

Тој нагласи дека ниту еден затвореник не смее да остане во притвор на неодредено време, без тужба или судење.

Овој затвор беше „сериозна дамка во поглед на човековите права и репутацијата на САД во изминатите 14 години“, рече ал-Хусеин.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×