ОБАМА ВО ПРОШТАЛНИОТ ГОВОР
Објавено на од во Профил

Obama 898„ДА ГИ СОЧУВАМЕ АМЕРИКАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ – ДА ЈА ОТФРЛИМЕ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА“

 „Црните и другите малцинства треба да ја поврзат својата борба за справедливост со предизвиците пред кои се исправени и други луѓе – бегалецот, мигрантот, сиромашниот селанец, транссексуалниот Американец. Белиот маж на средна возраст, исто така; иако изгледа како тој да ги има сите предности. Но, економските, културните и технолошките промени го превртеа неговиот свет наопаку“, истакна Обама во својот проштален говор во својство на претседател на САД

 

Obama 898 01Повик Американците да се заземат за американските вредности и да ја отфрлат дискриминацијата, испрати во својот проштален говор како претседател на САД, Барак Обама.

Бидете солидарни со своите сонародници, бранете ја демократијата од заканите против неа, беа главните негови пораки.

„Подеднакво како што како граѓани мораме да останеме внимателни во однос на надворешна агресија, така мораме да се чуваме од слабеењето на вредностите што нѐ прават она што сме“, рече Обама пред околу 18.000 приврзаници во својот роден град, Чикаго.

Се опкружуваме со луѓе кои ни се слични, ги делат нашите политички уверувања и никогаш не ни се спротиставуваат, дополни претседателот во заминување.

А пристрасноста, непоткрепена со факти; економските и регионалните раслојувања; цепкањето на медиумите во канали за сечиј вкус – сето тоа прави овие поделби да изгледаат природни и дури неизбежни, оцени Обама.

„Во нашите безбедни меури се чувствуваме самоуверено, и примаме само информации што одговараат на нашето мислење, без разлика дали се точни, наместо да си го градиме мислењето на докази“, рече американскиот претседател во заминување, пред да заклучи дека оваа тенденција е закана за американската демократија.

„Демократијата не значи еднаквост. Татковците-основачи на нацијата, спореле и правеле компромиси, и очекувале дека истото ќе го правиме и ние. Но, тие знаеле дека демократијата бара едно основно чувство на солидарност – идејата оти без разлика на разликите, ние сме заедно; дека се воздигаме или пропаѓаме како еден“, рече Обама.

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој функцијата ќе ја преземе на 20 јануари, во кампањата предложи да им се забрани влез на муслиманите во земјата (подоцна го ублажи овој предлог); изградба на ѕид на границата со Мексико; укинување на Парискиот договор за климатските промени, како и на законот на Обама за здравствената реформа.

Obama 898 02

Обама се расплака кога во својот прошален говор ја спомена сопругата Мишел, за која рече дека „направила Белата куќа да биде на сите“, и оти „едно ново поколение цели повисоко“ зашто ја има неа за пример

Претседателот во заминување, јасно се спротистави на овие предлози во говорите што ги одржа во кампањата во која ја поддржа Хилари Клинтон.

И во својот проштален говор, Обама стави до знаење дека не го променил мислењето.

„Ја одбивам дискриминацијата против американските муслимани“, рече тој, што беше проследено со аплауз од публиката.

„Ако некој може да изнесе план што ќе биде подобар од подобрувањата што ги направивме за нашиот систем на здравствена заштита, а што ќе покрива што повеќе луѓе со што помали трошоци, тоа јавно ќе го поддржам“, изјави Обама.

Тој призна и дека надминувањето на расните поделби во Америка се покажало како невозможна цел.

„По мојот избор, имаше приказни за пост-расна Америка. Таквата визија, колку и да е добронамерна, никогаш не беше реална. Расата и натаму останува моќно средство на поделба во нашето општество“, рече Обама.

„Ако секој економски проблем влегува во рамката на борбата меѓу трудољубивата бела работничка класа и „недостојните“ малцинства, работниците од секоја раса ќе се борат за остатоците, додека богатите ќе се повлечат уште подлабоко во своите енклави. Ако се откажеме од инвестирањето во децата на имигрантите, само зашто не изгледаат како нас, ќе им ги ограничиме можностите на нашите деца – зашто оние кафеави деца ќе станат поголем дел од работната рака на Америка. А економијата не е игра во која еден победува, а другиот губи“, рече претседателот на САД во заминување.

„Црните и другите малцинства треба да ја поврзат борбата за справедливост со предизвиците пред кои се исправени и други луѓе – бегалецот, мигрантот, сиромашниот селанец, транссексуалниот Американец. Белиот маж на средна возраст, исто така; иако изгледа како тој да ги има сите предности. Но, економските, културните и технолошките промени го превртеа неговиот свет наопаку“.

Обама рече дека Американците родени во САД треба да се сетат дека денешните стереотипи за имигрантите се истите што биле изразувани кон Ирците, кон Италијанците, кон Полјаците …

„Новодојдените тогаш не ја ослабеа Америка – тие ги примија уверувањата на нацијата и ја зајакнаа“.

Обама се осврна и на заканите од радикалниот ислам.

„Редот кај нас беше нападнат од фанатици кои тврдат дека дејствуваат во името на исламот. Тираните ги сметаат слободните пазари, отворените демократии и самото граѓанско општество за закана за нивната власт“, рече тој во својот проштален говор.

Оцени дека поопасни од автомобилите-бомби и од ракетите се заканите за демократијата.

„Станува збор за создавањето страв од промени, став од луѓето кои изгледаат, зборуваат или се молат поинаку од нас“.

Од заканите, рече Обама, Америка ќе се брани колку со армијата, толку и со зачувување на нејзините вредности.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×