Објавени резултатите од експериментот за универзален основен приход во Финска
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Нема реален ефект врз вработувањето, постои подобрување на мотивацијата и задоволството.

Finland-guaranteed-income-blockchain-1024x512-01-04-2017

Министерството за социјална политика и здравство и Агенцијата за социјално осигурување на Финска денес ги соопштија резултатите од првата година на националниот експеримент-  универзален основен приход.

Студијата покажала дека во првата година двете групи не се разликувале во вработувањето- дополнителниот приход не помогнал во наоѓање работа на слободниот пазар ни за едната, ниту за другата група. Останато, е забележано подобрување во субјективната добробит на учесниците.

Експериментот е составен од две групи: експерименатална (групата подлежи на тестирање) и контролна група (групата не подлежи на тестирања, односно служи како референтна вредност за мерење на ефектите од промената во набљудуваните појави врз експерименталната група). Односно, на експерименталната група и биле дадени пари, а на втората не- и двете групи примале надомест за невработување, а само првата добивала и друг неповратен приход, без обврска да бара или најде работа.

screen_shot_2017-01-23_at_10.29.20_pm_1

Процентот на доход од сопствена заштеда и самовработување пред експериментот бил 43,70% за експерименталната и 42,85 за контролната група, а по првата година од експериментот овој доход бил просечно за 21 евра помал кај експерименталната во однос на контролната група, односно просечно изнесувал 4,230 евра и 4,251 евра соодветно.

Испитување на ефектите од задоволството било спроведено преку телефонска анкета, при што се покажало дека 55% од експерименталната група се чувствувале подобро, во однос на 46% од контролната група. Нивото на стрес било 17% за експерименталната и 25% за контролната група.

„Корисниците на универзалниот приход имале помалку симптоми на стрес, помал напор за концентрација и помалку здравствени проблеми во однос на контролната група. Тие исто така биле помотивирани за иднината и нивната способност да влијаат врз општеството“, соопштил главниот истражувач на проектот од Агенцијата за социјално осигурување на Финска, Kela.

 

UNIVERSAL-BASIC-INCOME-copy (1)

Експериментот е почнат на 1 јануари 2017 година и ќе трае две години. Суштината е, по случаен избор на 2.000 невработени лица, на возраст од 25 до 58 години, им се исплаќаат 560 евра без обврска да бараат или примаат работа.

Целта е проучување начини за подобрување на финскиот социјален систем, како одговор на новата Индустриска револуција 4.0.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×