Обновено: Пукотници во Зубин Поток, косовската полиција ја проби блокадата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Пукотници од огнено оружје се слушаат во Зубин Поток и неговата околина, по акцијата на специјалните единици на косовската полиција, Росу, во општините со мнозинско српско население во северно Косово, во која се упасени повеќе лица од српска националност, меѓу кои и припадници на полицијата на Косово.
407013-zubinpotok_800x488Меѓу уапсените во Зубин Поток е и тамошниот командир на полициската станица, по што околу 100 жители Срби излегоа на протест и со возила и камиони го блокираа магистралнот пат во правец на Митровица.
Меѓутоа, според последните информации од местото на настанот, косовските специјалци успеале да ја пробијат блокадата и го продолжиле патот кон јужниот дел на Митровица.
Косовската полиција соопшти дека утрово во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово спроведува акција за откривање на учесници во организиран криминал.
Станува збор за осомничени за кривични дела „шверц на стоки“, „злоупотреба на службена положба“, „давање поткуп“, „недозволена трговија“ и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×