Обука „Заштити го твојот бизнис од корупција„ на 17 и 18 септември
Објавено на од во Компании
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници ги покануваат сите заинтересирани претставници на приватниот сектор  на обуката „Заштити го твојот бизнис од корупција“ што ќе се одржи на 17 и 18 септември, преку видео – конференциска врска. 
Biznis bez korupcija
Обуката (пријавување до 15 септември на следниов линк) се одвива во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ со финансиска поддршка од Европската Унија, а спроведуван од горе споменатите три организации. Трошоците за обуката (154 евра по учесник) целосно ќе бидат покриени од страна на организаторите на проектот.
„Корупцијата стана фактор на ризик за сите бизниси, ги зголемува трошоците и води до сериозни правни последици. Додека за некои таа е неодминлив и прифатлив трошок за водење бизнис, за многу други е демотивирачка, стресна и деструктивна појава.  Ова не е и не смее да биде така. Променетото работење во услови на пандемијата со COVID-19, отвора дополнителни ризици од корупција, но и можности да се посветиме на ова прашање, не дозволувајќи да остане занемарено.  За прв пат сите видови бизниси од сите големини и сектори имаат можност да посетуваат специјализирани обуки, кои им овозможуваат пристап до светски ресурси за најдобра пракса и други материјали за поддршка, специјално создадени да им помогнат да ги идентификуваат и отстранат потенцијално корумптивните практики од нивното работење.“ , велат организаторите.
 Обуките ги спроведуваат искусни обучувачи од водечки компании во земјата врз основа на експертиза, техники и најдобри практики од целиот свет. За оваа обука обучувачки се Ружица Панарин Паздријан, национален офицер за усогласеност од ЕВН и Марија Шеќероска, раководителка на служба за правни работи од ГД Гранит АД Скопје.
Проектот ќе им обезбеди на учесниците  пристап до најдобрите светски ресурси и материјали на темата што ќе можете практично да ги користите, заедно со интерактивна поддршка на http://www.bezkorupcija.mk и вмрежување со над 120 компании - корисници. По завршетокот на обуката сите учесници ќе добијат сертификат и ќе веруваат дека бизнисот може да се одвива без корупција.
Целта на програмата е да ги поддржи заинтересираните компании  да можат да воспостават програми и практики за спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со прописи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×