Обвинителството истражува незаконска приватизација на земјиште во Ѓорче Петров
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Поради постоење на основано сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина.

Како што соопшти ОЈО Скопје, на приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето.

„Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за метар квадратен, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока“, истакнуваат од Обвинителството.

За повеќе детали во врска со текот на постапката, Основното јавно обвинителство Скопје навремено ќе ја информира јавноста.

Утрово поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, беше приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×