Обвинителството отвори предистражна постапка за претседателот Иванов за кршење на Уставот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ИвановОсновното јавно обвинителство Скопје покрена предистражна постапка за проверување на наводите во две анонимни кривични пријава против претседателот Ѓорге Иванов во врска со непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците и на ратификацијата на Договорот од Преспа.

Од Обвинителството потврдуваат дека е отворена предистражна постапка со цел проверка на наводите во пријавите.За таа цел веќе биле побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот.

На 14 март годинава, кога по вторпат беше изгласан Законот за употреба на јазиците во Собранието со 64 гласа „за“, Иванов соопшти дека нема да го потпише указот за прогласување на законот, иако во член 75 од Уставот на Република Македонија пишува дека „претседателот на Републиката е должен да го потпише указот“ ако Собранието повторно го разгледува законот откако претседателот ќе одбие да го потпише и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Претседателот Иванов одби да ја потпише и ратификацијата на Договорот од Преспа бидејќи, како што кажа тој, бил штетен за националните интереси за Македонија, иако беше изгласана два пати во Парламентот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×