Од 1 април почнува доставувањето на претпополнетите годишни даночни пријави
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава.

ujpУправата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година. Пријавата граѓаните ќе ја добијат електронски и ќе треба да ја потврдат или коригираат.

Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава. До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×