Од 25 – 27 јануари ќе се оддржи Global Game Jam Македонија 2019
Објавено на од во lifestyle

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48часовен маратон.

poster_ggjm19

 

Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2018 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри.

Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје и Битола. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, храна и грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 3000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Нашите учесници се професионалци и студенти од ИТ индустријата. На #ggjm19 ќе се среднат:

  • Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд инженери, гејм дизајнери и продуценти
  • Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во ИТ индустријата
  • Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
  • 40% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
  • Сите поседуваат high-end ИТ технологија (лаптопи, таблети, паметни телефони)
  • Тие се почитувани членови на online заедницата во Република Македонија
ggjm2018

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1500 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 142 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×