Од декември минимална плата од 14.500 денари, ќе важи и за јавниот сектор
Објавено на од во Економија
Од декември минималната плата во државата ќе изнесува 14.500 денари. Тоа значи дека таа ќе се зголеми за две илјади денари од сегашните 12.507 денари. Зголемувањето на минималната плата ќе важи не само за приватниот, туку и за јавниот сектор.
Screenshot_2Ова го најави владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев по состанокот со коморите, работодавачите и синдикатите, нагласувајќи дека решението е донесено преку социјален дијалог со сите социјални партнери.
„Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува историски највисоки 14.500 денари. Со законот кој се усвои во 2017 година првпат се изедначи минималната плата и за работниците од текстилната и кожарската индустрија со другите гранки. Со изедначувањето на минималната плата за сите категории на работници исправивме една голема социјална неправда која постоење во нашето општество“, изјави премиерот Заев.
Тој се надева дека зголемувањето на минималната плата ќе предизвика и спирално покачување на останатите плати во државата и е оптимист дека до крајот на мандатот ќе го исполнат ветеното за минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари.
Зголемувањето на минималната плата, според работодавачите, не ја исклучува можноста помалите текстилни компании да не можат да го издржат притисокот и да бидат затворени.
„Најголем притисок од порастот на минималната плата ќе имаат трудоинтензивните дејности. Мислам дека пазарот ќе успее да ги прифати вработените од евентуалните затварања на овие помали компании кои не работат директно со клиенти, туку земаат работа преку втора -трета рака и оти овие вработени ќе се вработат во оние конфекции кои ќе обезбедат поголема продуктивност, подобри услови за работа и почитување на работничките права“, рече претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.
Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, нема да биде голем бројот на малите текстилни компании што не ќе можат да го издржат притисокот од зголемувањето на минималната плата.
„Минималната плата е заштита за најзагрозените категории на вработени кои немаат алтернатива во делот на мобилноста поради својата возраст или други причини. Со минималната плата не правиме притисок врз компаниите, напротив се обидуваме да им помогнеме со две мерки – субвенционирање на придонесите и со законот за финансиска поддршка“, рече Анѓушев.
Оние компании што не ќе можат да ја исплатат загарантираната минимална плата, ќе имаат опција да ги користат и можностите што ги нуди Законот за субвенционирање на плати кој е во собраниска процедура и се очекува да стапи во сила во ноември.
„Минималната плата е загарантирана како 14.500 денари и таа стартува од декември. Мерката за субвенционирање на платите се однесува на покачување од минимум 600 до максиум 6.000 денари и државата го покрива придонесот за покачувањето. Ако покачат 2.000 денари во ноември со исплата во декември, тогаш тие ја покачиле минималната плата и ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата. Значи мерките се комплементарни една на друга, но тоа не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата користејќи субвенција. Некој ќе ја покачи со субвенција, некој без субвенција, но во секој случај даваме опција бизнис секторот кој не може да го издржи ова покачување, да може да ја искористи мерката за субвенционирање“, појасни министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Досега 90 илјади граѓани примаат минимална плата од 12.500 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×