Од денешните избори во Иран зависи натамошното зближување со Западот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Парламентарните избори што во Иран ќе се одржат денеска ќе бидат првиот лакмус за јавното мнение, откако беше склучен договорот за нуклеарната програма, што доведе до укинување на меѓународните санкции.

Резултатите на изборите ќе определат дали Исламската република ќе продолжи да ги затоплува дипломатските односи со Западот.

Против реформите на претседателот Хасан Рухани имаше жесток отпор во Парламентот во кој доминираат конзервативци. Во изборите тој гледа можност да ги симне од грб овие критичари.

Претстојното гласање ќе одлучи во политичкиот судир меѓу Обединетиот фронт на конзервативиците, ултраконзервативниот Фронт на стабилноста на Исламската револуција, и реформаторите.

Конзервативците и ултраконзервативците скоро 12 години беа во коалиција, поврзана со поранешниот претседател Ахмадинеџад, но, не функционираа многу хармонично. На оваа основа реформаторите, односно Рухани, беше избран во 2013 година.

„Можеме да го постигнеме и на овие избори она што го постигнавме во 2013 година“, вели водечкиот кандидат на коалицијата Ирански реформатори, Мохамад Реза Ареф.  Но, и кај реформаторите има разногласија – Рухани и Ареф го предводат умереното крило, против кое постои радикално (крило) на движењето.

Познавачите велат дека една од решавачките нешта на овие избори ќе биде дали умереното крило на конзервативците – предводено од претседателот на Парламентот, Али Лариџани, може да направи коалиција со реформаторите, која би се обединила околу ликот на Ареф.

Евентуален сојуз меѓу овие две групи, кои веќе преговараат, ќе значи голема предност против ултраконзервативците. Победа на оваа коалиција ќе гарантира дека Рухани повторно ќе биде реизбран на претседателските избори во 2017 година, со што Фронтот за стабилност на Исламската револуција практично би бил исфрлен од политичката сцена до 2021 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×