Од денеска „Хуавеј“ е на црната листа на САД
Објавено на од во Економија
Наредбата на американската админстрација со која се става кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј Технолоџис на црната листа стапува на сила денеска.
Tramp Huavei 2Министерот за трговија Вилбур Рос вчера изјави дека од денеска стапува на сила таа наредба. Американското министерство соопшти дека на т.н. Листа на правни лица (Entity list) е Хуавеј технолоџис и уште 70 филијали со што и се забранува на таа телекомуникациска компанија да набавува компоненти и технологија од американски фирми без претходно одобрување од САД.
Покрај тоа, Трамп потпиша и наредба со која се забранува на фирми од САД да користат телекомуникациска опрема од компании што се сметаат дека се ризик за националната безбедност. Во таа наредба не е наведена ниту една држава или компанија, но американски официјални лица претходно ја означија Хуавеј за „закана“ и лобираа кај сојузници да не користат мрежна опрема од Хуавеј за 5G мрежи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×