Од денеска се укинува capital controls во Грција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Од денеска крај за capital controls, граѓаните и бизнисите повторно имаат целосна слобода во управувањето со нивните пари, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален Твитер профил, откако минатата седмица, од Парламентот, најави нивно укинување, по четири години, односно по 50 месеци, одлука која од денеска стапува на сила.
capital control„Денеска, по четири години, capital controls се веќе минато и Грција одново добива една од четирите основни слободи на ЕУ -слободно движење на капиталот. Отстранувањето на контролата на капиталот е неопходен услов за привлекување инвестиции и развој“, напиша Мицотакис на Твитер.
Грчкиот премиер минатата седмица, од Парламентот рече дека станува збор за нивна заложба која ја исполнуваат пред рокот што го имале поставено и „во соработка со Банката на Грција целосно го враќаат во нормала движењето на капиталот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×