Од денеска Uber почнува да вози во Загреб
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Популарната транспортна услуга Uber,од денеска, четврток, ќе биде достапна во Загреб. Загрепчани од 12 часот денеска ќе можат со еден клик на апликацијата на Uber (достапна за iPhone и за Android) да повикаат возило што ќе ги однесе до посакуваната адреса. Uber во Хрватска доаѓа со услугата UberX, што подразбира поевтин превоз од другите услуги на компанијата, и значи дека со возилата ќе управуваат само лиценцирани таксисти. Возењето со возилата кои работат за Uber, загрепчани можат да го платат внесувајќи податоци за својата кредитна картичка на соодветно место во апликацијата. Хрватскиот портал Netokracija јави дека веќе 13.000 жители на главниот град на Хрватска ја симнале апликацијата на Uber и денеска нетрпеливо чекаат да дојде пладне. Возачите на Uber,во случај на услугата UberX, кога ќе го земат патникот не вклучуваат таксиметар, туку цената се формулира по поминат километар, освен ако возењето е побавно од 18 километри на час, кога се наплатува времето поминато во возилото. Uber на глобално ниво, а и во регионот, во последно време најмногу во Бугарија, се соочува со проблеми, како резултат на реакциите на традиционалните таксисти.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×