Од јули поевтин роаминг во земјите од Западен Балкан, од 2021 целосно укинување
Објавено на од во Економија

Од јули треба да се намалат цените на услугите во роаминг меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ. Намалувањето во јули се очекува да биде за 27 проценти, а од јули 2021 година да биде целосно укинат.
Roaming Balkan

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април годинава во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.

Регулаторите и  телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

Според податоците на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, повеќе од 76 проценти од граѓаните на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се корисници на интернет, додека 40 проценти од нив ги користат сите апликации на социјалните мрежи на мобилните телефони, а повеќето се млади луѓе. Седумдесет отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата. Повеќе од 12 милиони туристи минатата година дошле во Западен Балкан и сите биле загрижени поради цената на роамингот.

Од 1 јули 2017 година, Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако стапи на сила третото намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Кон регионалната иницијатива се приклучија и Албанија и Косово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×