Од октомври повторно евтина тарифа на струјата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Од октомври стартува евтината тарифа на струјата, мерка што ја вети Владата пред изборите, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

На заедничката прес-конференција во Владата, со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, како и со министерот за економија, Крешник Бектеши, Заев рече дека евтина струја ќе има секој работен ден и во сабота од 14 до 16 часот, како и од 22 до 7 часот наутро, а во недела останува досегашната пракса, евтина струја да има цел ден.

„Исполнуваме уште една од ветените владини мерки. Ја враќаме евтината тарифа на струјата. Ова ќе ја чини државата осум милиони евра. Тие пари ги враќаме на граѓаните, а најмногу ќе заштедат посиромашните“, истакна Заев.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, ЕВН Македонија нема да добие субвенција за евтината тарифа на струјата, иако очекувано, ќе бележи загуби.

Заев и Анѓушев нагласија дека оваа мерка нема да има влијание на покачување на цената на струјата и не се коси со европската регулатива.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×