Од патарини годинава инкасирани 23,5 милиони евра, продадени 6.735 картички и тагови
Објавено на од во Економија
Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани.
патаринаСите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход предничат патарината Романовце (198.560.050 денари), Сопот (171.585.190 денари) и Отовица (166.035.843  денари), изјавија од ЈПДП.
Проекциите на ЈПДП се континуирано зголемување на приходите до крајот на годинава, со тоа што, како што велат, 2019 година ќе биде рекордна во остварување на приходи од 32-годишното постоење на наплатните станици.
Во вкупните приходи се вкалкулирани и средствата остварени од продажба на електронските уреди (картички и тагови) и од нивното надополнување. Од пуштањето на електронската наплата на патарина пред еден месец продадени се 6.735 тагови и картички. Од продажба на уреди е остварен приход од 3.206.800 денари, а од надополнување  21.107.315 денари.
Електронското плаќање од минатиот месец е достапно нанаплатните станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско.
„Јавно претпријатие е повеќе од задоволно како функционира новиот систем за елетронска наплата на патарина, доказ за тоа се бројните јавувања на нашиот сервисен број (0800-800-088) од задоволни клиенти кои ја користат електронската наплата“, велат од ЈПДП.
Оттаму информираат дека е во тек надградба за прилагодување на системот за електронска наплата на патарина за возила од прва категорија А, односни мотори.
Во наредниот период ќе се градат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид, а ќе се воспостави електронска наплата и на патарините на Коридорот 8 (Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар).
Во тек е евалуација на понудите за избор на најповолен понудувач на тендерот за изградба на патарините и електронската наплата што беше распишан во јуни годинава е во вредност од 13 милиони евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.
Според плановите, операторот треба да биде избран до октомври, по што во рок од една година треба да бидат изградени патарините и да се воспостави електронската наплата.
Со заемот од ЕБОР се покриваат и трошоците за поставување фотоволтаични панели на настрешниците на наплатните станици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×