Од сите плаќања со картичка, 10% се онлајн
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Tema 03 WEBМакедонците 2,5 пати повеќе трошат на Aliexpress  и Booking, одошто кај домашните  интернет трговци

До пред неполна година домашните банки немаа обврска кај Народната банка да пријавуваат онлајн трансакции со картички, направени кај странски интернет трговци. Откако се воведе оваа обврска, излезе дека бројката што сите ние мислевме дека е целата интернет трговија, всушност е поголема. И дека од 65-те милиони евра потрошени од јануари до септември лани со картички онлајн, 46 милиони се потрошени на странските веб страни што продаваат нешто. Банките велат дека 10% од сите плаќања со картичка се  вршат онлајн, а околу 40-50% од тоа што се троши на домашен пазар, оди  за плаќање режиски трошоци и други услуги.

 

Околу 65 милиони евра е сумата што преку картички е потрошена за купување онлајн во Македонија, во првите девет месеци од 2016 година. За трите квартали засега се достапни резултатите во статистичката база на Народната банка – НБРМ. Поточно, овие пари опфаќаат с$: прометот со картичките издадени во земјава од домашните банки со кои што е купувано на домашни интернет продажни места, но и на странските; како и прометот со картичките издадени од странски банки со кои што е купувано кај македонските интернет трговци.

Откако НБРМ од минатата година воведе нова методологија во пресметувањето на прометот со платежни картички, се забележува значителна промена: имено, вредноста на онлајн трансакциите сега е неколкукратно поголема.  Да речеме, ако по старо, во првите три месеци од 2016 –та, тоа што беше бележано како “трансакции преку персонален компјутер или друг терминал“ имало вредност од 7,11 милиони евра, со новата методологија, вредноста на, по ново, “трансакции на виртуелни места на продажба (интернет – продажни места)“ е 22,2 милиони евра, или три пати повеќе.

Tema 03 frejm 02

“Поголемата вредност откако е воведена новата методологија се должи на фактот што сега банките се задолжени до нас да ги доставуваат податоците и за прометот со картички што онлајн се врши прекугранично, односно на странски виртуелни продажни места, што претходно не беше случај. Така што, сега имаме увид во тоа колку точно е онлајн прометот во земјава, а колку со домашни картички се купува на странски сајтови, за најразлични производи и услуги кои тие ги нудат. Претходно, всушност, она што било бележано како онлајн трансакции се однесувало само на промет во рамки на националниот платежен систем, кај домашни интернет трговци и други даватели на услуги што може онлајн да се платат со картичка (на пр. државни институции). Повисокиот износ на прометот што со домашни картички се прави кај странските интернет трговци не зачудува, затоа што понудата на домашните онлајн продавници се’ уште не е доволно развиена, а можностите за нарачки од странство на стоки и услуги се огромни.“, објаснуваат од НБРМ.

За минатата година, во првите девет месеци, од 64,8 милиони евра онлајн трансакции со картички, со домашни картички кај домашни интернет трговци реализирани се 17,5 милиони евра, или 27%. Македонските граѓани со своите картички на странски трговски сајтови пак, направиле промет од 45,9 милиони евра, или 70% од вкупните онлајн трансакции. Остатокот, 3% или 1,45 милиони евра е со картички издадени во странство, кои што онлајн нешто купувале во земјава.

Tema 03 frejm 01
Онлајн трансакциите се 10% од плаќањата со картичка

Сепак, вредноста од безмалку 65 милиони евра за онлајн трговија преку картички во првите три квартали лани е само капка во море во однос на вкупниот промет што се прави со картички. Од вкупно 2,26 милијарди евра промет со картички, онлајн трговијата е 2,86%. Иако од овие 2,26 милијарди, 1,55 милијарди се повлекување готовина од банкомат, но сепак и од тоа што останува исклучиво за трговија, онлајн трансакциите зафаќаат не повеќе од 10%.  Факт е дека низ годините онлајн трансакциите растат и по број и по вредност, но потенцијалот за уште поголема застапеност на онлајн трговијата е огромен.

Заради променетата методологија во пресметката на картичните трансакции сега не би можеле да ја споредуваме вкупната сума на онлајн трансакциите со минатите години, затоа што нема конзистентност во податоците (како што објаснивме, сега се бележат и трансакциите кај странски интернет трговци, н.з.), но може да го видиме трендот на тоа што било онлајн трговија во Македонија.  Во 2011, на пример, прометот со картички само во рамките на земјава бил 932 илјади евра, додека четири години подоцна е на 18,4 милиони евра. Најголемиот скок се случил во 2014 година, кога од 2,5 милиони евра претходната година, пораснал на дури 11,4 милиони евра. Но, како што смета Нина Ангеловска, ко-основач на најпознатиот сајт за е-трговија во земјава, тоа не е реален пораст на пазарот на онлајн купување,  односно во голема мера се должи на лансираните кампањи за стимулирање на онлајн плаќање на сметки за телефон, вода, струја и др.

“Во време на рецесија и мала куповна моќ на населението главниот поттик за да направат онлајн купување не може да биде заштедата на време или удобноста да се купува од дома. Тоа се придобивки што граѓаните ќе ги почувствуваат со тек на време кога ќе креираат навика за купување онлајн. Но, најбитно за развој на  онлајн купувањето е атрактивната понуда. Затоа треба не само да креираме претприемачка клима и да стимулираме отворање на нови компании што ќе продаваат онлајн, туку треба да им се даде соодветен тренинг и едукација на претприемачите за да се тргне од реалните потреби на пазарот. Министерството за информатичко општество во 2011-та имаше проект со кој се отворија 50 онлајн продавници, а денес само неколку од нив функционираат, токму поради оваа причина.“, објаснува Ангеловска.

Tema 03 brojkiБројот на специјални интернет картички расте

Сите банки што ги контактиравме за потребите на оваа тема, велат дека е-трговијата континуирано расте, иако на ниво на целиот банкарски систем е на ниско ниво, во вкупната вредност на трансакциите со помош на картичка.

Повеќето комерцијални банки во земјава почнаа да издаваат картички специјално наменети за интернет плаќања (во моментов има околу 18.500 такви картички) и да отвораат сметки на домашните онлајн трговци. Дополнително беше усвоена правна рамка за е-трговија, бројот на странски online продавници кои овозможуваат достава во Македонија е зголемен поради намалувањето на бројот на злоупотреби со картички и ред други поволни услови кои имаа ефект во подобрувањето на климата за развој на е-трговијата во земјава.

Од Стопанска банка – Скопје ни рекоа дека речиси 10% од купувањата со платежните картички на нивните клиенти се на интернет.
“Близу 60% од интернет купувањата се кон странски сајтови, но забележуваме и значаен раст на купувањата кон домашни интернет сајтови. Оваа година очекуваме вкупните онлајн купувања  кон домашните интернет сајтови  да надминат 20 милиони евра,  при што секоја трета трансакција се прави со наша картичка.“, вели Стефан Пепоски, директор на Дирекција за управување со картични производи во Стопанска банка – Скопје.

Во НЛБ Банка, во 2016 имаат пораст на трансакциите со картички на интернет, на  1,3 милиони, од кои што речиси половина се реализирани на македонски сајтови.

Од банката велат дека на домашните интернет сајтови граѓаните најчесто плаќаат режиски трошоци (преку 40%), како и останати давачки кон државните и јавните институции, факултети и сл.,  а воедно се користат и на сајтовите кои нудат групни попусти, купување на книги, билети за различни манифестации и сл.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×