Од следната година над 10.000 нови ДДВ обврзници
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Од Нова година 10.305 фирми и трговци поединци ќе станат нови ДДВ обврзници бидејќи почнуваат да важат измените во Законот за данок на додадена вредност со кои се намалува прагот за регистрација за цели на ДДВ од два на еден милион денари. Според статистиката на Управата за јавни приходи, овој праг на годишен промет го надминуваат 9.060 фирми и 1.245 трговци поединци.

Засега нема проценки колку оваа измена ќе ги зголеми приходите во буџетот врз основа на данокот на додадена вредност од кој годинава државата инкасираше 723,3 милиони евра.

Образложувајќи ги законските измени донесени во јули годинава, од УЈП објаснија дека прагот на регистрација се намалува на барање на самите мали бизниси.

„Кога една фирма ќе се регистрира како ДДВ обврзник, таа станува далеку попрепознатлива, поатрактивна и поконкурентна за соработка со големите компании. Тие сакаат да работат со ДДВ обврзници. На пример, големите синџири повеќе сакаат да работат со пекари кои се ДДВ обврзници, бидејќи тие им фактурираат со ДДВ, а оние што не се регистрирани по дефиниција им се поскапи за 18%. Кога ќе ве видат на регистарот дека сте ДДВ обврзник, вие сте во старт за 50% поатрактивни за големите компании. Оние што не се, се сметаат како втора, трета класа“, изјави тогаш директорот на УЈП, Горан Трајковски.

Даночните обврзници кои во текот на годинава оствариле промет над 1 милион денари, должни се до 15 јануари следната година да поднесат пријава за регистрација за данокот на додадена вредност.

ДДВ во земјава е воведен во април 2000 година и тогаш прагот за регистрација беше годишен промет од 1,3 милиони денари. На крајот на 2010 година антикризна мерка на Владата прагот за регистрација беше подигнат на два милиони денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×