Од слободните зони лани е направен нето извоз од 280 милиони евра
Објавено на од во Компании

IMG_5110 WEB 921 glavna“Вкупниот извоз на компаниите од зоните во 2016 година изнесува 1,71 милијарди евра и порастот на извозот во однос на 2015 година изнесува 16,33%. Нето извозот, односно разликата помеѓу извозот и увозот во слободните економски зони, лани изнесуваше над 280 милиони евра”, вели за Капитал, Виктор Мизо, директор  на Технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ).

Во првите пет месеци, пак, годинава фабриките од зоните направиле извоз во вредност од над 825 милиони евра и споредбено со истиот период лани има пораст од 15,16%.
Нето извозот од зоните за првите пет месеци годинава изнесува приближно 120 милиони евра.
Директорот Мизо, потенцира дека во вредноста на увозот влегува и увозот на машини и резервни делови, и ако тој би се одземал, нето извозот би бил поголем.
Експертите посочуваат дека кога се прават проценките за нето извозниот ефект од слободните зони треба да е има во предвид дека овој извоз е ослободен од многу давачки и субвенциониран со милионски суми од државниот буџет.
“Доколку продолжи трендот од првите пет месеци од 2017 година, кој се должи на европската побарувачка и зголемување на капацитетите на компаниите присутни во Слободните зони, според нашите проекции извозот од зоните до крајот на годината ќе достигне приближно 2 милијарди евра”, вели Мизо.

Мизо 2Но, покрај преку зголемувањето на извозот, вели Мизо, успехот на слободните зони се потврдува и зголемувањето на вработеноста. Компаниите лоцирани во зоните бележат континуирано зголемување на бројот на вработени. До крајот на 2016 година, според податоците од ТИРЗ, бројот на вработени достигна околу 7.100 вработени.

“Во моментов бројот на вработени во зоните изнесува над 9.000 вработени што значи дека од почетокот на годината креирани се над 1.900 нови работни места.  До крајот на 2017 година бројката на вработени во зоните треба да изнесува над 10.000 вработени”, вели директорот Мизо.

Според него, многу значаен индикатор е тоа што во Слободните економски зони почнуваат да се реализираат инвестициски проекти со технолошки напредно производство и извоз на добра со висока додадена вредност.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×