Од Западен Балкан лани во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Од земјите на Западен Балкан во ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 жители, покажуваат најновите податоци на Еуростат.

иселуванјеОд Србија во ЕУ заминале 51.000 лица, а, сепак, најмногу заминале од Албанија – 62.000 и од БиХ – 53.000, пренесува подгоричкиот весник  „Вијести“.

Од Косово лани се иселиле 34.500 лица, од Северна Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000 жители.

Од Албанија најмногу заминуваат за Италија – 23.000, во Грција – 17.000 и Германија 10.000. Од БиХ најмногу се иселуваат во Германија -16.000, Словенија и Хрватска.

Од Косово, што во овој документ е наведена како територија на ОН според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, лани најмногу луѓе заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половината, а потоа следат Словенија и Италија.

Од Северна Македонија лани најмногу се отселиле во Германија – 11. 500, а потоа следат Италија и Словенија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×