Одбиена жалбата на СЈО за мерките за претпазливост за случајот „Тендери“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство за решението на судијата на претходна постапка кој го одби предлогот на СЈО за определување мерки претпазливост за двајца осомничени во предметот Тендери.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), изјавена против решение на судија на претходна постапка од 28.11.2016 година во предметот на СЈО познат како „Тендери“, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка. Со решението од 28.11.2016 година судијата на претходна постапка го одби предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против две лица“, се вели во соопштението од судот.

При презентирањето на случајот Тендери, обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, рече дека од 14 јуни 2011 година, до 31 декември 2013, првоосомничената, како раководно лице во Министерството за култура, и тројца осомничени во својство на членови на Комисија за јавни набавки, ги искористиле службените овластувања за фаворизирање на компанијата Бетон-Штип како изведувач на завршни градежни работи на Музејот на македонската борба. Фетаи рече дека постои основано сомнение оти првоосомничената уште пред да биде објавен соодветниот оглас за јавна набавка, веќе донела одлука кој ќе ги изведува работите во Музејот популарно наречен „на ВМРО“.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на прес-конференција по објавата на предметот Тендери, отфрли сѐ за што е осомничена, зашто сѐ се работело согласно законите – било „чисто како солза“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×