Одлично полугодие на Алкалоид: Раст на извозот и профитот од 21%, инвестиции од 6,9 милиони евра и 80 нови вработувања
Објавено на од во Компании
Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека првата половина годинава остварила вкупни консолидирани продажби од 5.527.969.892 денари или близу 90 милиони евра, што е раст за 15% во споредба со истиот период лани.
алкалоидДури 66% од вкупните консолидирани продажби на Алаклоид во овој период се од продажби на странски пазари, а 33% се од продажба на домашниот пазар. Консолидираниот извоз на Алкалоид во првите шест месеци изнесува 3.638.592 илјади денари или 59,1 милиони евра , што е раст 21%. Продажбите , пак, на домашниот пазар во истиот се зголемени за 6% и изнесуваат 30,7 милиони евра.
Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 9%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби.
Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во Велика Британија, каде Алкалоид во првата половина годинава имал раст на продажбите од дури од 211%. Во Русија продажбите на Алкалоид во првата половина годинава се зголемени за 95%, во Германија има раст од 49%, Бугарија со раст од 32%, Украина раст од 31%, Романија раст од 27%, Чешка раст од 26%, САД раст од 15%, Косово раст од 15%, Србија раст од 12%, Црна Гора раст од 11% и  Словенија со раст од 9%.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 86%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 22%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 15%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 14% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 8% и Билкарство учествува со 3%.
Консолидираната нето добивка на Алкалоид за првите шест месеци годинава изнесува 460.762 илјади денари или околу 7,5 милиони евра и во споредба истиот период лани е зголемување од 21%, додека консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), достигнува 865.953.790 денари или 14 милиони евра и бележи раст од 22%.
 Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 4.138.296.380 денари или 67,2 милиони евра, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Единечната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА),  изнесува 846.016.625 денари или 13,7 милиони евра, бележи зголемување од околу 21%, додека единечната нето добивка изнесува 476.943.692 денари или 7,75 милиони евра и истата е зголемена за 19%.
Во првата половина годинава Алкалоид инвестирал во основни средства вкупно 6,8 милиони евра и реализирал 80 нови вработувања во земјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×