Одлжено издавањето на обврзницата, банките се “уплашија” од писмото од опозицијата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Македонија го одложи издавањето на седумгодишната обврзница откако член на опозициската партија ја доведе во прашање легитимноста на нејзиното издавање, објави Ројтерс.
“Издавањето на еврообврзницата беше одложено по писмото на член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во кое истиот наведува дека земјата можеби нема легална основа за нејзино издавање, се наведува во е-mail изјавата на еден од главните гаранти на еврообврзницата. Членот исто така истакнал дека доколку процесот на издавање продолжи можат да бидат прекршени одредени закони и прописи на Република Македонија”, пишува Ројтерс, наведувајќи дека “според Владата на Република Македонија, овој допис е политички мотивиран и нема законска основа за оспорување на издавањето на обврзницата”.

Инвеститорите кои работат на емисијата на продажбата на емисијата сега ќе чекаат Министерството за правда во име на Република Македонија да издаде правно мислење и потврда на валидноста за издавање на еврообврзница. Експертите кои ги консултираше Капитал објаснуваат дека еврообврзницата сепак ќе биде издадена, но сега Македонија ќе треба да даде правни гаранции и толкувања со кои ќе ги убеди банките кои работат на емисијата дека државата има правна основа за задолжувањето.
Но, одложувањето може да ја зголеми каматата по која ќе се задолжува Македонија, бидејќи е нарушен угледот на државата, бидејќи оспорувањето на законитоста на евробврзницата од страна на опозицијата го зголемува ризикот за инвеститорите да ја купуваат обврзницата која сака да ја издаде Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×