Одржана 34. сесија на Клубот на истражувачите
Објавено на од во Економија
Истражувачките трудови „Детерминанти на (не)активноста на жените на пазарот на труд во Западен Балкан: Компаративен преглед на медитерански земји со земји од Југоисточна Европа“ од Марија Андонова и Никица Мојсоска-Блажевски и „Монетарна наспроти макропрудентна трансмисија – ефикасност и ефективност: наоди од банкарските сектори од Централна и Југоисточна Европа“ од Милан Елисковски и Неда Поповска-Камнар се презентирани на 34. сесија на Клубот на истражувачи во Народната банка.
Klub-na-istrazhuvachi1Како што информира Народната банка, во првиот презентиран труд, Андонова и Мојсоска-Блажески имаат цел да ги испитаат детерминантите коишто влијаат врз активноста на жените на пазарот. Посебен акцент е ставен на оцена на ефектот на културниот контекст врз одлуката на жената дали ќе учествува на пазарот на труд или не. Согледбите на Андонова и Мојсоска-Блажевски  за влијанието на културата на средината врз одлуката на жената за нејзиното учество на пазарот на труд се клучниот придонес којшто тие преку ова истражување го даваат за стручната литература. Методологијата на истражувањето од коешто произлегува трудот се заснова на претходно истражување на Данте Контрерас и Гонсало Пласа, од 2010 година. Особено значајно е што Андонова и Мојсоска-Блажевски даваат и компаративен преглед во кој се земени предвид неколку земји од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Северна Македонија, како и земји од Медитеранот.
Презентирајќи го трудот во име на двете авторки, Андонова се осврнала на резултатите коишто според нивните согледби покажуваат дека културниот контекст во кој жената ја носи својата одлука за учество на пазарот на труд е важна детерминанта за тоа каква одлука таа ќе донесе. Според оцените на Андонова и Мојсоска-Блажевски, сознанието за влијанието на културниот контекст врз одлуката на жената за нејзината деловна (не)активност е важно за создавање обезбедување на државната помош, како и за осмислување на стратегијата за промоција на активноста на жената на пазарот на труд.
Во вториот презентиран труд, Милан Елисковски и Неда Поповска-Камнар имаат за цел емпириски да ги истражат ефектите на вишокот капитал над законскиот минимум како показател на промените во макропрудентната политика и ефектите на референтната каматна стапка како мерка на монетарната политика, врз каматниот распон и кредитирањето на компаниите и домаќинствата. Истражувањето е спроведено со примена на економетриски техники за анализа на панел-податоци за банкарските системи на Полска, Северна Македонија, Србија, Унгарија, Хрватска и Чешка, за периодот од првото тримесечје од 2005 година до четвртиот квартал од 2017 година.
– Резултатите до коишто имаат дојдено Елисковски и Поповска-Камнар укажуваат дека двете политики имаат влијание врз каматите и кредитирањето на компаниите и домаќинствата. Но, како што посочи Елисковски во презентацијата, наодите од истражувањето презентирани во трудот треба претпазливо да се толкуваат, особено во делот на макропрудентната трансмисија, со оглед на тоа што агрегатниот показател за вишокот на капитал над законскиот минимум е индикативен показател за макропрудентни мерки, се вели во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×