Одржано Годишното собрание на Комерцијална банка: ќе се подели дивиденда од 420 денари по акција
Објавено на од во Компании
Акционерите одлучија 500 милиони денари од добивката  да се издвојат  во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.
komercijalna-banka-nova-zgrada3
Денеска, 04.04.2019 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.
Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2018 година со бруто-добивка во износ од 1.992,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 212,4милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.780,3милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.780,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 42% од номиналната вредност на акцијата, односно по 420 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 500 милиони денари да се издвои во резерви, а 323 милиони денари во задржана добивка.
 На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2018 година, како и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берзаво 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×