Официјалнo промовирана на новата ŠKODA SCALA
Објавено на од во Компании
Овој нов модел на чешкиот производител комплетно го редефинира сегментот за компактен семеен автомобил, а во понудата на ŠKODA се позиционира помеѓу Fabia и Octavia, заменувајќи го моделот Rapid којзавршува со своето производство.
DSC_0310Основана на концептот VISION RS, новата ŠKODA SCALA беше развивана 4 години, а крајниот резултат претставува перфектен производ. Инкорпорирајќи нова технологија, емотивен дизајн, високо ниво на функционалност и конективност, новата SCALA ја поставува новата основа во компактиот сегмент.
Дизајнерски ŠKODA SCALA ја претставува следната фаза од еволуцијата на дизајнот на ŠKODAмоделите, со истакнати безвременски, софистицирани, скулпторски форми и динамични детали. Дизајнот на ŠKODA SCALA се темели на концептот VISION RS и се карактеризира со прецизни и динамични линии, извонредна интеракција на светлината и сенките и уметнички тродимензионални форми претставени пред се со впечатливата предна решетка и задните стоп-светла.
Внатрешноста на ŠKODA SCALA освен што е препознатливо пространа и комфорна, отсега импресионира и со добро осмислена модерна ергономија и емотивно осмислен дизајн. Во внатрешноста се истакнуваат квалитетните и меки материјали и огромниот 9,2” дисплеј. Секако ŠKODA SCALA е вистинска ŠKODAшто значи дека секогаш нуди највеќе простор за патниците и огромен багажник.
Безбедноста на патниците во ŠKODA SCALA доаѓа во сериска опрема со напредните безбедносни системи како: Front Assist – радар за автоматско сопирање при појава на пешак, возило или препрека, Lane Assist – систем за одржување на коловозна лента, Сензор за дожд со Светлосен асистент за автоматска контрола на долгите светла, 6 воздушни перничиња, Индикатори за сите појаси, Темпомат со ограничувач на брзина и зајакната каросерија изработена на MQB платформа од високо-квалитетни челици.
ŠKODA е добро позната по своите т.н. Simply Clever практични решенија. Новата SCALA не е исклучок на ова, содржејќи повеќе интелигентни функционалности кои го прават секојдневието полесно за возачите. Како дополнување на држачот за паркинг картичка на А-столбот и одделот за чадор во вратата на возачот, тука е гребалката за мраз во вратичката за гориво со вграден мерач на длабочина на пневматици и интегрираната инка за полнење на средство за прскалките на бришачите. Доколку е потребно, SCALA може да се добие и со електрична самоповлекувачка кука за влечење која се контролира преку копче во багажниот простор, што исто така претставува прва иновација во својот сегмент.
Миле Станчев – Бренд Менаџер на ŠKODA, во своето обраќање кон новинарите изјави: – „Би сакал и да истакнам дека ŠKODA SCALA е најважниот модел за брендот ŠKODA на Македонскиот пазар, затоа што нуди најголема вредност за вложените пари. Отсега и Македонските купувачи ќе може да добијат модерен, просторен, технолошки напреден и безбеден автомобил за цена далеку поприфатлива споредено со директните конкуренти во компакт класата. Да и посакаме добредојде на ŠKODA SCALA, идната звезда и best-seller на ŠKODAво Македонија.“
За почеток на македонскиот пазар, SCALA ќе се нуди со два турбо-бензинци со 1.0 литарски мотор и 95 или 115 коњски сили со мануелен или DSG автоматски менувач и еден турбо-дизел 1.6 литарски кој испорачува 115 коњски сили и може да има мануелен или DSG автоматски менувач. Додека најмоќниот 1.5 литарски турбо-бензинец со 150 коњски сили ќе ни биде достапен од Октомври. Scala тежи само 1.240 кг благодарејки на MQB платформата и располага со одлични возни карактеристики со секои од понудените варијанти на мотори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×