Огромен интерес за инструментот за економско прилагодување на Ковид-19
Објавено на од во луѓе и компании

Главна фотка iФонд за иновации и технолошки развој

Рекорден број од над 2.000 домашни компании подигнаа апликациски пакети на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид 19, на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 166 поднесоа предлог проекти во првиот циклус.

 

Рекорден број од над 2.000 домашни компании подигнаа апликациски пакети на јавниот повик за брзо прилагодување на Ковид-19, на Фондот за иновации и технолошки развој, од кои 166 поднесоа предлог проекти во првиот циклус.
Компаниите побаруваат речиси 90% од предвидениот буџет од 200 милиони денари (околу 3,2 милиони евра), поради што ќе се бараат дополнителни средства, најави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. Вкупниот инвестициски циклус е речиси 300 милиони денари од кои 39% или 112 милиони денари се учество на самите компании.
“Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конкретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме над 2.100 подигнати апликациски пакети, што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива. Тоа што веќе во првиот циклус ќе бидат искористени речиси 90% од средствата, значи дека во секој следен циклус Фондот во соработка со владата ќе работи на обезбедување дополнителен износ на средства“ нагласи Деспотовски.

За внатре1 i

Компаниите од фаза “преживување“ се префрлаат во фаза „развој“ Јован Деспотовски, директор на ФИТР: „Резултатите од овој прв циклус покажуваат дека дел од домашната економија веќе размислува за заздравување и има конкретни инвестициски планови. За неполни 45 дена имавме над 2.100 подигнати апликациски пакети, што е индикатор дека домашната економија овој период на преживување го трансформира во период на размислување како да се развива. Тоа што веќе во првиот циклус ќе бидат искористени речиси 90% од средствата, значи дека во секој следен циклус Фондот во соработка со владата ќе работи на обезбедување дополнителен износ на средства.“

Повеќе од половина од апликантите се во сопственост или менаџирани од жени
Деспотовски рече дека 88% од апликантите продолжуваат во следните фази на евалуација и оценување, додека 12% отпаднале како неподобни. Посебно охрабрува фактот што 76% од нив за првпат аплицираат во Фондот, 16% аплицирале претходно, но не добиле средства па повторно се обидуваат, а само 8% користат или користеле средства. Компаниите ќе инвестираат во 15 различни области, меѓу кои продажба трговија и дистрибуција, здравство, екологија, земјоделие, а за првпат не доминира ИТ секторот. Особено е позитивно тоа што со овој повик има зголемен интерес кај компаниите од сите региони, како и зголемен број на компании со жени претприемачи.
„Ова е особено важно бидејќи го пилотираме за првпат и сме успеале да ги мотивираме домашните компании од сите региони да аплицираат. Гледаме и поголемо вклучување на жените, односно 56% од апликантите се во сопственост или менаџирани од жени. Ова покажува дека со добра политика и добро таргетирана мерка можеме да поттикнеме процеси кои ќе дадат конкретни резултати и ќе поттикнуваат економска активност. Бројките покажуваат дека сме успеале во тоа,“ нагласи Деспотовски.
Со овој повик за првпат беше воведен дополнителен критериум за оценување и повеќе поени за компании со жени во управувачката односно сопственичката структура и за компании кои доаѓаат од помалку развиените региони.
Во однос на обемот на компаниите, најзастапени се апликации од мали фирми, 51 отсто, како и од микро претпријатија, 42 процента. За големите бизниси кои не се опфатени со поддршката, Деспотовски најави креирање на нов модел заедно со стопанските комори и Светската банка.
Следниот циклус е планиран за крај на август
Се очекува до крајот на месец јули да заврши фазата на претселекција, а финалната селекција до средината на август, по што ќе бидат објавени официјалните резултати и ќе се потпишуваат договори. Во пресрет на вториот циклус Фондот заедно со Светска банка и стопанските комори ќе им пристапи на сите 2.100 компании кои изразиле интерес за поддршка.
“Ќе бидеме отворени за сите нивни сугестии и предлози за дополнително унапредување на овој модел на поддршка. Следниот циклус кој е планиран за кај на август, ќе размислиме и за проширување на поддршката, разговараме за посебна мерка за извозната дејност. Во почетокот на септември, со вториот циклус на поддршка можеме да очекуваме продолжување на оваа поддршка и евентуално дополнителни мерки кои ќе произлезат од консултациите со коморите. Апелирам до сите домашни компании активно да се вклучат во овој процес, да дадат свое мислење, предлози и сугестии“, нагласи директорот на ФИТР.
Овој повик на ФИТР е дел од третиот пакет економски мерки на Владата на РСМ и е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење. Повикот беше отворен од 29.05  до 03.07.2020 година.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×