Охрид ќе го добие својот прв шопинг мол   
Објавено на од во Економија

Изградбата на Охрид Мол е во тек, инвеститор е Делфина Турс, а отворањето е предвидено за април 2019 година.

1

 

 

 

 

 

 

На површина од 19.000 м2 започнува со изградба првиот шопинг центар во Охрид – Охрид Мол.

Првиот трговски центар во Охрид е македонска инвестиција на компанијата Делфина Турс. „Охрид Мол е проект за кој јас и моите партнери размислувавме подолг период. Охрид е меѓу најпознатите туристички места во регионот со многу работи што може да ги понуди, но му недостасува центар од ваков тип каде што жителите и туристите ќе можат да купуваат. Со оваа инвестиција Охрид ќе биде уште повеќе посакувана дестинација на туристичката мапа. Охрид Мол се наоѓа до новата автобуска станица, на само 2 километри од центарот на градот. Ќе биде на 2 нивоа, ќе има подземен и надворешен паркинг простор, повеќе од 50 локали за реномирани домашни и светски брендови, а ќе нуди и најразлични забавни и актуелни содржини за сите генерации.” – изјави Аднан Исмаил, инвеститор на Охрид Мол.

Ексклузивен агент за изнајмување на деловниот простор е консултантската компанија за недвижности Фортон Македонија: „Помеѓу првите закупци кои обезбедија простор во Охрид Мол се грчкиот ланец на супермаркети Веро заедно со Џамбо продавниците. Морам да напоменам дека веќе има огромен интерес на домашните и светски брендови за закуп на локал во објектот и очекуваме брзо исполнување на капацитетитот на трговскиот центар.” – изјави Влатко Богоевски, генерален менаџер на Фортон Македонија.

Изградбата на Охрид Мол е во тек, а отворањето е предвидено за април 2019 година. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 10 милиони евра и ќе биде од значаен придонес за домашната економија, како и за градот Охрид и овој дел од Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×