Охрид ќе разгледува можности за мораториум за градежни активности по препораките од УНЕСКО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Општина Охрид ќе ги преземе сите активности во согласност со законските прописи, со цел да се исполнат задолженијата што Владата им ги додели на општините, за подобро и поефикасно спроведување на Препораките од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а се во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско наследство, соопштуваат од Општината.
lagadin-hotel-832892389Како што се наведува во соопштението од Локалната самоуправа, општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.
По налог на градоначалникот Константин Георгиески во рок од десет дена ќе биде изготвен Акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО. Веднаш по изготвувањето, планот ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.
„Во текот на целокупниот процес, Локалната самоуправа ќе биде во постојана координација и комуникација со Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, стои во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×