Охрид сака да стане македонски старт-ап центар
Објавено на од во Економија

Вчера, во организација на единицата за локален економски развој при општина Охрид беше публикувана анкета за основање на старт-ап центар во Охрид, кој ќе помагаат младите Охриѓани при основање и водење на сопствен бизнис.

охридСпоред податоците на Општната, Охрид ја има најголемата стапка на исселување на млади луѓе во државата, и според нив, ваков старт-ап центар може да го успори овој тренд и градот да го задржи најголемиот потенцијал – човечкиот фактор

„Ваков центар или бизнис акселератор ќе го стимулира населувањето ( привремено или трајно ) на ваков кадар. Да напоменеме – ваков тип на луѓе, луѓе со идеи, нови знаења и вештини се мотор за покренување на економскиот развој“, изјави за Капитал, еден од иницијаторите на ваквиот проект, Наум Димитриовски.

Опоред првите луѓе на градот, Охрид го има најсилниот ИТ потенцијал во државата, споредено по глава на жител, а исто така за овој проект се потпираат на Универзитет за ИТ технологии во градот кој спорд нив може да биде од особена помош во формирањето на таков старт-ап центар, инкубатор или дури и заеднички простор за работа за младите претприемачи.

Прашалникот кој го изготви Општина Охрид, можете да го погледнете на следниов линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×