Охридска банка доби долгорочен кредит од ЕФСЕ од 10 милиони евра  
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) го подобрува пристапот до финансиски средства на македонските домаќинства преку долгорочен кредит од 10 милиони евра за Охридска банка Сосиете Женерал, која неодамна воведе производ што ги фиксира каматните стапки на станбените кредити за двапати подолго од вообичаеното.

Охридска банкаОхридска банка – член на Групацијата Сосиете Женерал – се очекува да го искористи финансирањето на ЕФСЕ за воведување нов станбен кредит со фиксна каматна стапка за првата декада на кредитот, за првпат на македонскиот пазар. Повеќето кредити од овој тип во земјава во моментот имаат фиксни стапки само за првите пет години, па удвојувањето на овој период се очекува да обезбеди придобивки од елиминирањето на несигурноста од варијабилни каматни стапки на долг рок.

Моника Бек, претседател на Управниот одбор на ЕФСЕ, рече: „Охридска банка Сосиете Женерал е една од водечките финансиски институции во Македонија, и преку удвојувањето на времетраењето на фиксните каматни стапки за станбени кредити и кредити за реновирање на домот, ја поддржува мисијата на ЕФСЕ за промовирање на економскиот развој и просперитет на граѓаните во регионот. Возбудени сме што ќе го започнеме ова заемно корисно партнерство”.

Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал, изјави:   „Благодарение на средствата од ЕФСЕ, Охридска банка Сосиете Женерал има можност да ја претстави својата уникатна понуда на пазарот и да развие квалитетни односи со цел подобро да се разберат, услужат и да се предвидат потребите на нашите клиенти, притоа придружувајќи ги на долг рок. Со нашиот нов станбен кредит со 10-годишна фиксна каматна стапка, Охридска банка Сосиете Женерал оди чекор подалеку во однос на транспарентноста и квалитетот на своите производи. Знаејќи ја каматната стапка за првите 10 години од кредитот, клиентите ќе можат подобро да ја планираат својата иднина. Јасност, стабилност и квалитет – тоа се нашите крајни цели“.

За Европскиот фонд за Југоисточна Европа 

Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) беше основан под иницијатива на Банката за развој КФВ (KfW Development Bank) со финансиска поддршка од германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и Европската комисија. Тој има за цел да го поттикне економскиот развој и просперитет во Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Украина и во Турција. Бидејќи пристапот до финансии е клучниот фактор за успех во развојот на микро, малите и средните претпријатија, ЕФСЕ се фокусира на помагање на локалните финансиски сектори во зајакнувањето на нивната способност да обезбедат адекватно и одржливо финансирање. Финансирањето на ЕФСЕ, кое предвидува долгорочно финансирање, пред сè, за микро и за мали претпријатија – но исто така и за приватни домаќинства во форма на кредити за реновирање на домот – се канализира на овие кредитни клиенти преку локалните партнерски кредитни институции. Како поддршка на инвестициските активности на ЕФСЕ се јавува Фондот за развој на ЕФСЕ, кој им обезбедува на партнерските кредитни институции техничка помош, консултантски услуги и обуки за развој на оперативните капацитети и на професионален менаџмент.

Основан под иницијатива на Банката за развој КФВ (KfW), на 15. декември 2005 година, од страна на четири мултидонаторски програми со кои управува, ЕФСЕ е првото јавно-приватно партнерство од овој вид и првиот приватно управуван фонд во развојното финансирање што го подига приватното финансирање за финансирање на МСП во целниот регион. Капиталот е обезбеден од страна на донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и приватни институционални инвеститори, вклучувајќи го германското Сојузно министерство за економска соработка и развој, Европската комисија, Владата на Албанија, Кредитна поддршка на мали и средни бизниси ЦИСЦ (SMBCS), подружница на Централната банка на Ерменија, Банката за развој на Австрија (Oesterreichische Entwicklungsbank – OeEB), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Данската меѓународна агенција за развој (Danida), KfW како водечки инвеститор, Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Холандската компанија за финансирање на развојот (FMO), Европската банка за реконструкција и развој (EBRD), Европската инвестициска банка (EIB), Сал. Опенхајм и Дојче Банка.
Услугите за управување со средства Опенхајм S.à r.l., Луксембург и Finance in Motion GmbH, Германија се респективно менаџмент на фондот и советник на фондот на ЕФСЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×