Охридска банка доби престижна награда од Европската банка за обнова и развој
Објавено на од во Компании

На свечената церемонија којашто се одржа во Загреб, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал (ОБСГ) ù додели сертификат за посветеност кон финансирање проекти за одржлива енергија.

Ohridska banka nagradaПроектите се финансирани преку кредитната линија WeBSEFF (Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан) развиена од ЕБОР, а достапна преку локалните банки за инвестиции коишто поттикнуваат одржлива употреба на енергијата.

ОБСГ беше прва банка во Македонија што пласираше средства за финансирање проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија, со потпишување на договорот WeBSEFF 1 со ЕБОР во 2010 година. Соработката продолжи со потпишување на WeBSEFF 2 во 2013 година. Во изминатиот период, ОБСГ помогна во реализација на бројни проекти од овој вид.

Проектот на компанијата „Киро Дандаро“ од Битола, финансиран преку кредитната линија WeBSEFF од страна на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал, беше награден во категоријата подобрување на енергетската ефикасност во производствениот процес за поголема заштита на животната средина.

Зголемувањето на побарувачката за природни ресурси, урбанизацијата и важноста на животната средина создаваат растечка потреба за инвестирање во енергетска ефикасност и во обновлива енергија. Енергетската ефикасност и обновливата енергија даваат огромни економски и еколошки придобивки, поради што постои речиси неограничен потенцијал за проекти од овој вид. ОБСГ ќе продолжи со финансирање и поддршка на проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност, помагајќи на тој начин за зголемување на продуктивноста на економијата и засилување на транзицијата кон просперитетна нискојаглеродна иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×