Охридска банка потпиша договор за поддршка на македонските МСП преку кредит од ЕБОР
Објавено на од во Компании

EБОР одобрува кредит во износ од €10 милиони на Охридска банка, за натамошно кредитирање на македонските МСП. Кредитот е првиот дел од регионалната програма за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан на ЕБОР за Македонија во вкупен износ од  €30 милиони, со €6 милиони грант од фондовите на ЕУ ИПА.

Ohridska-banka1

 

 

 

 

 

ЕБОР ја промовира новата регионалната програма за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан. Првата банка во регионот која ќе се приклучи на оваа програма е Охридска банка, која потпишува кредит во износ од €10 милиони, за поддршка на приватните македонски бизниси и малите и средни претпријатија.

Овие МСП се столбот на локалната економија. Согласно податоците на ЕУ, тие претставуваат скоро две третини од вкупната вредност на стопанството и околу четири петини од сите работни места во земјата, што е над просекот на ЕУ кој изнесува 57% за стопанството и 66% за работните места.

Пристапот до финансии останува предизвик во Македонија. Кредитот од ЕБОР е нова можност за приватните бизниси и претставува помош во нивните напори на изнаоѓање на средстава за инвестирање. Средставата ќе бидат специфично наменети за надградба на производните капацитети, за подобрување на конкурентноста на локалните компании.

Охридска банка е петтата најголема банка во Македонија. Таа е подружница на Сосиете Женерал С.А. (СЖ) , франциската мултинационална банкарска и финансиска компанија. Охридска банка има пазарен удел од 8% во вкупниот имот на СЖ во Македонија, и мрежа на експозитури кои ги покриваат сите поголеми градови во земјата.

Охридска банка е долгорочен партнер на ЕБОР, и е првата банка која се приклучува на новата регионалната програма за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан, што е продолжување на претходната програма во износ од €20 милиони, наменети за поддршка на конкурентноста. Истата беше активна помеѓу 2010 и 2015 година и поддржана со грант од Европската Унија во износ до €4 милиони.

Финансиската поддршка ќе биде комплементарна со техничката помош наменета за имплементирање и мониторинг на програмите за подобрување на конкурентноста и работењето. Грантовите за техничка помош и поддршката на позајмувачите од ЕУ, ќе бидат доделени по успешното завршување на нивните проекти. За една година од денес, ЕБОР очекува да пласира до €30 милиони во форма на кредит наменет за македонските комерцијални банки, а ЕУ ќе додели грант во износ од €6 милиони.

Планираната регионална поддршка на ЕБОР е во износ од €70 милиони кредит и €15 милиони грант од ЕУ. Вкупниот конечен износ на поддршка на МСП ќе биде во износ од €124 милиони кредитирање од ЕБОР и €26 милиони ЕУ грантови.

,,Конкурентноста на приватниот сектор беше и останува една од главните области на поддршка на стратегијата на ЕБОР за Македонија. Сакаме да понудиме натамошен поттик, и да им помогнеме на локалните компании во подобрување на конкурентноста и подготовка за учество на европските пазари″, изјави Ален Пилу, Подпретседател, Банкарство, ЕБОР, кој го потпиша договорот на церемонијата на потпишување на кредитот, на која присуствуваа македонскиот Министер за финансии, Драган Тевдовски и Директорот за економски, институционални и меѓугранични работи во ЕУ Скопје, Јаромир Левичек.

,,Навистина ми е драго, што сме првата банка на пазарот која ќе понуди повластена кредитна линија на малите и средни претпријатија, во вкупен износ од €10 милиони, поддржана од Европската банка за обнова и развој преку грантови наменети за компаниите, во висина до 15% од вкупната вредност на износот на кредитот. Охридска банка Сосиете Женерал како долгогодишен верен и стабилен партнер на македонското стопанство, преку поволни кредити продолжува со поддршката кон најголемата потпора на македонската економија, а тоа се малите и средни претпријатија″, изјави Бранка Павловиќ, Претседател на УО на Охридска Банка АД Скопје.

ЕБОР инвестира во Македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен бизнис обем од над €1.75 милијарди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×