Охридска банка со 51,3% повисок профит лани
Објавено на од во Банки и бизнис

 

Охридска банка оствари добивка од 3,8 милиони евра лани што е за 51,3% повеќе споредено со 2013 година, покажува неревидираниот биланс на успех што го објави банката.

Нето приходите од камати на крајот од минатата година изнесуваат околу 14 милиони евра и бележат пораст за 7,5% споредено со остварените нето приходи од камати во 2013 година.

Приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 3,7 милиони евра и се повисоки за 3,3% споредено со претходната година, додека, пак, од нето курсни разлики инкасирани се околу 1,5 милиони евра.

Од банката оценуваат дека условите за работење за годинава врз основа на оцените за растот на домашната економија упатуваат на солидни остварувања и во текот на 2015 година.

„Банката останува насочена кон постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество во пазарните сегменти кои се сметаат најквалитетни и најмалку ризични – крупни домашни и меѓународни претпријатија, добро позиционираниот дел на малите и средни претпријатија, ВИП клиенти како што се вработени во профитабилни претпријатија, вработени во јавна администрација. Имајќи ја предвид присутноста на значаен кредитен ризик посебно и појавата на континуирано зголемување нефункционални кредити во банкарскиот сектор, стопанското кредитирање ќе се врши во знак на претпазливост, темелна проценка, соодветно структурирање и избегнување на прекумерен кредитен ризик“, објаснуваат од банката.

Со цел и понатаму да се подржуваат активностите, Охридска банка планира да го зголеми надворешното финансирање од меѓународните финансиски институции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×