Охридска банка со нов НАЈ НАЈ кеш кредит со гарантирана камата
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио го воведува новиот НАЈ НАЈ кеш-кредит за физички лица, прв на пазарот според своите карактеристики, кој се одликува со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот.

Од Банката објаснуваат дека новиот НАЈ НАЈ кеш-кредит нуди три можности за фиксни каматни стапки, со различни промотивни каматни стапки за првите периоди на кредитот.

„Во зависност од желбите и потребите на клиентите, на располагање им се три понуди, односно,  првата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 5,75 % за првите 12 месеци и фиксна каматна стапка од 8,45 % од 13. до 95. месец;  втората опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,10 % за првите 24 месеци и фиксна каматна стапка од 8,25 % од 25. до 95. месец; и  третата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,45 % за првите 48 месеци и фиксна каматна стапка од 7,75 % од 49 до 95 месеци“.

Каматните стапки се валидни со вклучување на кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот.

„Уште еднаш ги потврдуваме нашите намери за понуда на производи скроени да одговараат на потребите и можностите на граѓаните. Оваа понуда е резултат на длабинските истражувања кои ги спроведовме на пазарот и на нашите вештини да развиеме ваков вид производ. Со оваа уникатна понуда, клиентите уште од самиот почеток го знаат точниот износ на нивната месечна рата за целиот период на отплата и можат безгрижно да го планираат остварувањето на своите желби и потреби. Тоа е она што ја издвојува оваа понуда на пазарот и е дополнителен доказ за неопходната транспарентност за добивање на лојалноста на клиентите. Дополнително, на клиентите им е дадена можност да изберат една од трите опции која ним најмногу им одговара. Кон тоа ја додаваме и нашата грижа за клиентите во форма на кредитно животно осигурување, за нивна комплетна финансиска заштита за целото времетраење на кредитот. На овој начин, ние, Охридска банка Сосиете Женерал, го градиме тимскиот дух со нашите клиенти“, изјави Стефан Туати, член на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Дополнително, сите нови клиенти, кои ќе ги рефинансираат своите долгови со НАЈ НАЈ кеш-кредитот во Охридска банка Сосиете Женерал, добиваат дополнителни придобивки, како: без административен трошок и трошок за апликација, без трошок за дебитна картичка за првата година и без трошоци за услугите МОЈА БАНКА ‒ Мобилно банкарство, е-банкарство и СМС-известувања за период од 6 месеци.

По воведувањето на концептот ПЛАН ЗА СТАН со фиксна и гарантирана каматна стапка до 2030 година, најновиот НАЈ НАЈ кеш-кредит е уште еден важен чекор за Охридска банка Сосиете Женерал во спроведувањето на нејзината мисија за понуда на производи со најтранспарентни услови за нејзините клиенти.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×