Охридска банка со раст на профитот од 72% за една година
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Охридска банка минатата 2015 година работела со вкупна нето добивка од 399,4 милиони денари или 6,5 милиони евра, покажуваат неревидираните финансиски извешати објавени на Македонската берза. Во споредба со претходната година, профитот на Охридска банка за само една година е зголемен за 72%.  Нето добивката на Банката пред оданочување лани  изнесувала 7,3 милиони евра и бележи раст од 70,8% за една година.

Вкупната актива или финансиски потенцијал на Охридска банка на крајот на 2015 година изнесува 535 милиони евра или 33 милијарди денари и е за 3,6% поголем во споредба со претходната година.

Охридска банкаАкционерскиот капитал и резервите на Банката на крајот на минатата 2015 година инезувале 42,7 милиони евра или околу 2,6 милијарди денари и се поголеми за 18,4% во споредба со претходната година, како резултатна зголемувањето на  задржаната добивка и зголемените резерви. Ова е во согласност со планот на Банката за јакнење на нејзината капитална основа како поддршка за пораст на комерцијалните активности, објаснуваат од Охридска банка.

Најголемо учество од дури 68,4% во вкупните извори на финансирање на Охридска банка имаат депозитите на комитентите, физички и правни лица.
Од аспект на рочната структура, кај депозитите на комитенти, депозитите по видување учествуваат со 47,5%, орочените депозити учествуваат со 44,5%, а ограничените депозити со 8,0%.

Кредитните линии од меѓународните финансиски институции имаат учество во вкупните обврски од 16,5%, во кои се застапени кредитни линии од ЕИБ, ЕБРД, ЦЕБ, ИФЦ, МБПР, ГГФ и од „Сосиете женерал“.

Заклучно со 2015 година Охридска банка одобрила вкупно кредити во износ од 375 милиони евра, од кои 66,8% се долгорочни кредити, а 26% се краткорочни кредити. Нефункционалните кредити кои Охридска банка ги има достигнуваат 7,2% од вкупно одобрените кредити.
Од Охридска банка објаснуваат дека 63,8% од вкупните кредити им се одобрени на фирми, додека 36,2% се кредити одобрени на физички лица.

Приходите од камати на Охридска банка лани бележат намалување, додека нето-приходите на Банката од провизии и од надоместоци лани се зголемени 15,8%,  а нето-приходите од курсни разлики се зголемени за 21,7%. Најголемо зголемување има кај останатите приходи од дејноста, во кои се вклучени реализираната капитална добивка од продадени основни средства, продадени преземени средства за наплата на побарувања и приходи од дивиденда по основ на капитални вложувања, кои лани се зголемени за шет пати.

“Имајќи ја предвид присутноста на значаен кредитен ризик, особено во секторот на мали и средни претпријатија, кредитирање ќе се врши со претпазливост, темелна проценка, соодветно структурирање и со избегнување прекумерен кредитен ризик”, велат од Охридска банка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×