Охридска банка Сосиете Женерал избрана за најдобра банка во Македонија од The Banker
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Охридска банка Сосиете Женерал објави дека ја завршува тековната година како добитник на интернационалната награда „Најдобра банка во Македонија“ за 2016-та, доделена од „The Banker“. Ова е трета награда за банката годинава, во истата категорија, после доделените во првата половина од годината од „Euromoney“ и „Global Finance“.

„The Banker“ е една од најпрестижните меѓународни финансиски публикации во сопственост на Financial Times Ltd.

„Јас сум професионално и лично многу почестена. Ова е многу голем успех на нашата Банка! 2016-та година e исклучително успешна година за Охридска банка Сосиете Женерал. Во банкарството, на светско ниво, постојат три најважни авторитети: Global Finance, публикација на Светска Банка од Вашингтон, Euromoney од Лондон и The Banker, публикација на престижниот магазин Financial Times, кој оваа година слави 90 години постоење. Охридска банка Сосиете Женерал во оваа 2016-та година, доби награди од сите три институции за „Најдобра банка во Македонија”. Во април – Global Finance, во јули – Euromoney и минатата недела во Лондон – The Banker. Ова претставува хет-трик (hat-trick) или тројна круна – најголем успех досега за нашата и ваша банка“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Во 2016 година Охридска банка Сосиете Женерал бележи раст во сите сегменти од работењето. Во првите 3 квартали остварена е нето добивка за 15% повисока од онааостварена во истиот период минатата година. Растот на вкупниот биланс на состојба изнесува 9,6%. Зголемувањето на кредитните пласмани изнесува 12%, додека депозитите од население се зголемија за 5,7% во однос на истиот период лани. Паралелно, квалитетот на кредитното портфолио останува на одлично ниво, со учество од 5,4% на нефункционални пласмани, што е значително помало од просекот на банкарскиот сектор.

„Овие достигнувања се резултат на кориснички ориентираната стратегија на Банката. Нашите клиенти и нивните потреби се примарен фокус во креирањето на понудата и пласманот на производи и услуги. Наша цел е да бидеме прв избор на корисниците и најпрепорачана банка во Македонија”, додаде Бранка Павловиќ.

Во периодот што следи, од банката најавуваат дека фокусот останува на потребите на клиентите, преку обезбедување на иновативни и поволни производи и услуги за нив. Иднината предводена од дигиталните трансформации и модернизираниот профил на клиентите, ги насочува плановите за развој на Охридска банка Сосиете Женерал во правец на следење и одржување на темпото на трансформација, со амбиција да остане една од водечките банки во Македонија, обезбедувајќи одржлив раст и профитабилност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×