ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ ПРОСЛАВУВА ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ ВО МАКЕДОНИЈА
Објавено на од во Банки и бизнис

DEPOZIT-OGLASI_A5-LANDSCAPEОхридска банка Сосиете Женерал, како врвна финансиска институција присутна на македонскиот пазар, годинава прославува десет години од доаѓањето на светската групација Сосиете Женерал во Македонија. Охридска банка стана дел од Сосиете Женерал во 2007 година, кога групацијата откупи мнозински пакет акции во Банката.

Групацијата Сосиете Женерал е создадена уште во 1864 година од претприемачи за претприемачи и се фокусира на економскиот развој во целиот свет ‒ мисија која ги надмина и двете светски војни, големите економски кризи, а продолжува да вирее и денес. Својата цврста определба и деловна политика ја воведува и ја гради во сите земји во коишто е присутна.

 

CISTA 10 LOGOКако дел од оваа еминентна групација, Охридска банка Сосиете Женерал изминативе 10 години во Македонија работи во динамично и честопати неизвесно опкружување. Сепак, водена од начелата и искуствата на Групацијата, Банката успеа со тимска работа да изгради добро избалансиран банкарски модел, да се здобие со долгорочна доверба од клиентите и со посветеност на вработените.

„Нашиот тим секогаш е и ќе им биде посветен на клиентите. Неуморно се трудиме да ги задоволиме потребите на клиентите и да ги поддржиме во нивните стремежи, токму затоа сме им и благодарни што постојано нè мотивираат и го збогатуват нашето семејство.


Две илјади и седумнаесетта ја заокружуваме како Чиста десетка за нашите десет години во Македонија. Впрочем, „Чиста 10-ка“ беше насловот и на проектот со кој сакаме да оставиме белег во заедницата, да ги пронајдеме креативните млади умови, да го поддржиме потенцијалот на оваа земја, да го наградиме и да го поддржиме во реализацијата и финансиски и со експертиза“, додаде Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.


Поддржувајќи го населението и стопанството од моментот кога Охридска банка стана дел од групацијата Сосиете Женерал, Банката бележи континуиран и повеќекратен раст на сите полиња во однос на 2007 година.


Вкупните средства се зголемени за 3 и пол пати. Вкупните депозити се зголемени за 2 и пол пати. Кредитите се зголемени за речиси 10 пати. Нето банкарскиот приход и добивката се зголемени за 4 пати. Реализиран е натпросечен раст на пазарното учество на кредитите, и тоа кај населението од 3 % на 8 %, а кај правните лица од 3 % на 10 %., а ефикасноста (трошоците во однос на приходите) е зголемена за 30 % во последните 10 години.


Бројот на корпоративни клиенти бележи пораст за 15 пати. Банката е преферирана меѓу странските инвеститори и бележи  присутност од 90 % во интернационалните компании и  пенетрација од 80 % кај големите компании во Македонија, при што Банката  посветува особено внимание и на малите и средните претпријатија. Воведени се многу новитети во корпоративното и инвестициското банкарство на пазарот, меѓу кои се вбројуваат првиот синдициран кредит во областа на рударството, проследен со 3 меѓународни синдицирани заеми.

Банката нуди и широка палета производи за индивидуалните клиенти. Во тој поглед, Охридска банка Сосиете Женерал е лидер на пазарот на банкарските производи со вклучено осигурување и со гарантирана каматна стапка. Станбениот кредит „План за стан 2030“ доби и признание за општествена одговорност поради гарантираната фиксна каматна стапка до 2030 г. Годинава е воведена и скоринг-алатка, со која неколкукратно се намалува времето за одобрување кредит, за секој клиент да добие брзо и уникатно искуство.

Потврда за напорната и посветена работа на Банката се и трите престижни банкарски награди добиени во 2016 г.: Euromoney, The Bankеr и Global Finance за најдобра банка на годината во Република Македонија. Во 2017 година, Охридска банка Сосиете Женерал го повтори успехот освојувајќи ги наградите од Euromoney и Global Finance.

Охридска банка Сосиете Женерал останува секогаш посветена на развојот на општеството и затоа во 2017 година ја реализира летната школа „Биди банкар“, наменета за сите студенти, како и проектот „Чиста 10-ка“ со кој се пристапи кон младите потенцијали во Македонија во барање најдобра бизнис-идеја.

Општествената одговорност секогаш била и ќе биде врвен приоритет на Банката, вложувајќи во спорт, уметност, образование, култура. Ја организиравме и првата летната школа за млади банкари „Биди банкар“. Гордо стоиме зад трандиционалниот фестивал Охридско лето. И несомнено остануваме силна потпора за лицата со оштетен вид, децата без родители и децата со Даунов синдром.

„Веќе 10 години, посветени на клиентите, постојано отвораме нови хоризонти и откриваме нови можности во духот на групацијата Сосиете Женерал. Сиве овие години созреваме и растеме заедно со клиентите и со опкружувањето, се соочуваме со предизвиците и градиме нови светови. Креираме и сонуваме будно, со мотивација која произлегува од посветеноста, страста за иновација и желбата за успех и долгорочен развој за градење на банка на иднината“,  додаде Павловиќ.

Денес, Сосиете Женерал е една од водечките светски банкарски групации, застапена во шеесет и седум земји, и услужува повеќе од 31 милиони клиенти. На глобално ниво,  групацијата има 145.700 вработени  од 123 националности.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×