Охридска банка Сосиете Женерал со нови производи oд успешната палета на Прогрес депозити
Објавено на од во Банки и бизнис

Охридска банка Сосиете Женерал воведе нови производи во рамките на успешната палета на Прогрес депозити со фиксни каматни стапки, соопштуваат од Банката.

Овие уникатни производи овозможуваат атрактивна растечка каматна стапка по периоди, што е можност за дополнителни вложувања и гарантирани каматни стапки.

Отсега, за денарскиот и девизниот депозит Прогрес достапна е целосна понуда со рок на орочување на 12, 24 и на 36 месеци, поделен на 4 (за 12 и 24 месеци) или 6 периоди (за 36 месеци), при што секој нареден период носи повисока камата. Каматните стапки се фиксни и не се менуваат за периодот на орочување.

^F93F0208E715BFBE024AA8A0E74694D609ADEA40890B5E2CD7^pimgpsh_fullsize_distrОваа уникатна понуда воведена од Охридска банка Сосиете Женерал на клиентите им нуди бројни поволности:

 

•             растечка каматна стапка – каматната стапка се зголемува во секој нареден период;

•             гарантирани и непроменливи каматни стапки за целиот период на орочување;

•             можност за орочување депозити во денари и во евра;

•             можност за избор на различен рок на депозитот.

 

Дополнителна предност за корисникот е можноста за дополнително вложување износи на основниот влог и на тој начин, користење на растечката камата за секој вложен износ на Депозит прогрес.

Со оваа понуда на Охридска банка Сосиете Женерал, клиентите имаат можност за користење на каматна стапка до 2,75% за девизен Депозит прогрес и до 4,30% за денарски Депозит прогрес за време на последниот период за депозит орочен на 36 месеци.

За подетални информации во врска со понудата, клиентите можат да ги посетат експозитурите на Банката и веб-страницата www.ohridskabanka.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×